Македонија
Филипче: Пристигна најсовремената терапија за пациенти заболени со вирусот Ковид 19
Published
3 години agoна
By
Media PressМинистерот за здравство Венко Филипче информира дека пристигнала најсовремената терапија за пациенти заболени со вирусот Ковид 19, моноклонална „коктел терапија“ со антитела од лековите “CASIRIVIMAB и IMDEVIMAB”.
„Во моментов сме единствена земја во Западен Балкан за чии граѓани е достапен овој лек. Рамковната Спогодба со производителот „Hoffman-La Roche, Ltd (Roche)“ – Швајцарија, ја склучија 19 земји членки на ЕУ, нашата држава и Норвешка. Лекот е за потребите на Клиниката за инфективни болести и ќе се дава на нехоспитализирани пациенти. Овој коктел од две моноклонални антитела се дизајнирани специјално за да ја блокираат инфективноста од „SARS-CoV-2,“ вирусот што го предизвикува заболувањето со Ковид 19“, објави Филипче на својот ФБ профил.
Поврзани содржини
Филипче: Денес ги продолжив средбите со граѓаните, јас никогаш не се откажувам
Д-р Венко Филипче: Плати и до 180 илјади денари во здравството
Филипче: Да нема собирања на семејни прослави и разни други групирања, вирусот така најлесно се шири
Филипче: Расте факторот на преносливост на Ковид-19 што е јасен индикатор дека ќе има промена на ситуацијата
Новата учебна година започнува со физичко присуство, како и во соседните земји
Филипче: За влез во државата сертификат за вакцина, негативен тест или потврда за прележан Ковид
Избори 2024
На 22 мај, прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица
Published
6 дена agoна
мај 20, 2024By
Media PressНа 22 Мај во Среда прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица, според одлуката која ја донесе Државната изборна комисија откако Управниот суд ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на ДИК.
Државната изборна комисија ги усвои приговорите за прегласување во Желино, ИМ 2101 поднесен од Коалицијата„ Влен“, во Охрид, ИМ 1272 поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“, во Крушево, ИМ 1194 и ИМ1202 поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“, Струга, ИМ 1844 поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“ и Коалицијата „ За Европска иднина“ и во Долнени, ИМ 1470 и ИМ 1470/1 поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“.
„Останатите приговори за избирачки места во Битола, Ресен, Гостивар, Долнени, Струга, Кичево, Демир Хисар, Чаир, Гази Баба, се одбиени или повлечени. Секоја заинтересирана страна има право на тужба до Управен суд во рок од 24 часа по одлуката на ДИК, а Управниот суд одлучува во рок од 48 часа по поднесена тужба. После одлуката на Управниот суд, ДИК ќе излезе со конечен извештај за резултатите, односно доколку има избирачки места каде што ќе се поништи гласањето, дополнително ќе се направи симулација дали бројот на запишани гласачи во избирачките места каде што би се поништило гласањето, влијае на резултатот во распределба на мандатите. Во зависност од тоа ДИК по одлуките на Управниот суд, ќе донесе заклчок за евентуално прегласување на определени избирачки места“ соопштува ДИК.
Македонија
ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА ВАС ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА НАС, реагира Сојуз на Синдикати на Македонија- ССМ
Published
1 недела agoна
мај 17, 2024By
Media PressПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА ВАС ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА НАС, реагира Сојуз на Синдикати на Македонија- ССМ.
Се прашуваат зошто бараме враќање на трошоците за превоз до и од работното место.
Пратениците наплатиле 1.124.915 евра за патни трошоци од август 2020 година до декември 2023 година, или во 2022 година за патни трошоци наплатиле 426.360 €, а во 2023 година 366.740 €.
Работниците трошат до 20 % од својата плата за да дојдат на своето работно место и да се вратат дома“, стои во реацијата на ССМ.
Македонија
Левица: 366 ИЛЈАДИ ЕВРА за патни торшоци за пратениците од коалицијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ за една година. Крмов и Апасиев не земаа ниту денар
Published
1 недела agoна
мај 17, 2024By
Media Press„Пратениците на широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ како и „Албанската опозиција“ само во 2023 година сложно имаат украдено од народниот буџет 366 ИЛЈАДИ ЕВРА во име на фамозните „патни трошоци“, соопштиваат од Левица од каде додаваат дека наспроти нив, пратениците од редовите на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев, во својот мандат заедно имаат земено 0 ДЕНАРИ за патни трошоци.
,,На вакви плати нема никаков основ да се исплаќаат средства за патни трошоци. Тоа е и програмска заложба на Левица – патните трошоци да бидат укинати”, изјави пратеникот Борислав Крмов за ТВ Стар.
„За потсетување, Левица уште во 2021 година предложи Закон за драстично намалување на патните трошоци на „народните избраници“. Овој предлог – закон беше експресно одбиен од страна на широката коалиција ДПМНЕ-СДС“ велат од Левица.
Пратениците на Левица најавуваат дека и во овој мандат нема да земат ниту денар за патни трошоци.