Connect with us

Регион

Пријавени деца за вакцинација и од Југоистокот, најмногу од Струмица

Media Press

Published

на

Од понеделник почнува вакцинирањето на деца и млади од 12 до 18 години. Според податоците од националниот систем „Мој Термин“ до вчера напладне вкупно се пријавиле 1623 деца и млади. Вакцинирањето ќе биде во постојните вакцинални пунктови во градот кој го навеле при пријавувањето.

Најголем број пријавени деца и млади од општините во Југоистокот има во Струмица 43, Гевгелија 40,  а во останатите градови бројките се под 10 пријавени, информираат од Министерството.

Според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 2.866 тестирања, регистрирани се 26 нови случаи со Ковид-19.

Македонија

24 нови случаи на Ковид -19 во општините во Југоистокот според последните податоци

Media Press

Published

на

Во последните 24 часа направени се 3.491 тестирањe, а регистрирани се 487 нови случаи на КОВИД-19 од нив 24 во Југоистокот:

• Струмица – 10

• Гевгелија – 9

• Радовиш- 3

• Валандово и Богданци, по 2.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 9 починати лица од Скопје, 3 починати лица од Куманово. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 1487 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.351.460 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.156 бројката на оздравени пациенти е 185.459, на починати е 6.998, а бројот на активни случаи изнесува 5.699.

Прочитај повеќе

Регион

Започна скринингот, денеска ќе се тестираат ученици во Конче и Дојран

Media Press

Published

на

Скринингот на учениците кој започнува од денеска , 20 октомври ќе се спровеудва, во девет средни училишта во Скопје. и се планира да се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа, соопшти министерството за здравство

Тестирањето на учениците ќе се спроведува во просторија одредена од училиштето, а тестирањето ќе трае помалку од една минута. Истото е безболно и безбедно, со земање брис од грло и од носна шуплина.

Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на вирусот Ковид-19 меѓу учениците. Со релевантните податоци ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата.

Министерството за здравство апелира на безрезервна поддршка од страна на родителите при давање на потребната согласност. Скринигот ќе обезбеди безбедно одвивање на наставата и заштита на здравјето на децата.

Прочитај повеќе

Uncategorized

Од обработените податоци за Локалните избори ќе има шареноликост во општинските совети во Југоистокот

Media Press

Published

на

Според Општинските изборни комисии во Југоисточниот дел на државата, од обработените податоци за Локалните избори ќе има шареноликост во општинските совети.

Неофицијално во Општина Радовиш ВМРО -ДПМНЕ освои 8 советнички мест во идниот Совет. СДСМ освои 6 советнички места, ЛДП и ДОМ 3 советнички места и независната советничка листа влезе зо 2 советника.

Во Општина Конче е идентична ситуацијата, односно политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со нивните коалиции освоија по четири советнички мандати. Демократската Партија на Турците освои едно советничко место.

Во Општина Василево, најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со нивните коалиции си поделија по седум советнички места додека последното и 15 -то место во советот го освоија Коалицијата ЛДП и ДОМ со Движење одлучно за промени.

По издвоената победа во прв круг за градоначалник во Општина Босилово, победничката партија ВМРО-ДПМНЕ зазема осум советнички места наспроти шест на СДСМ. Последното советничко место го освои „Стига е“.

Во општините со освоени ист број на советнички места од политичките партии во Југоистокот се приклучува и Општина Ново Село со по седум советнички места на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Последното советничко место го освои „Стига е“.

Во Општина Струмица владејачката партија освои 13 советнички места наспроти опозициската ВМРО-ДПМНЕ која освои девет и еден советни од „Стига е“ .

Прочитај повеќе