Connect with us

Регион

Потврдени половина од актуелните градоначалници од Југоистокот, за кандидати за втор мандат

Avatar

Published

на

Лидерот на СДСМ Зоран Заев,  на прес конференција по седницата на раководството на партијата објави триесет имиња за кандидати за градоначалници од нивната партија. Во Југоисточниот регион најголемиот дел од постојните градоначалници ќе бидат кандидати и за втор мандат.

Перо Костадинов за Валандово, Анго Ангов за Дојран, Блаже Шапов во Богданци, Зоран Зимбаков во Босилово, Маријан Јанев во Василево и Благој Илиев во Конче.

Според изјавата на Заев, половина од десетте градоначалници во овој регион ќе бидат во трката за градоначалници и на локалните избори наесен.

Сеуште е неизвесно кој ќе биде кандидат на оваа партија за Општина Струмица, за Општина Радовиш, за Гевгелија и за Ново Село. Лидерот Заев рече дека одлуката за овој избор не ја донел сам, туку е направена врз база на анкети. Според него кандидатите со најголема доверба меѓу граѓаните, но и тие кои се покажале како чесни и вредни ќе бидат предложени за повторен избор.

До СДСМ биле поднесени 630 кандидатури за градоначалници и 5.000 кандидати за советници, преку можноста за самокандидирање, но и во постапките во рамки на партијата.

„По спроведените испитувања на јавното мислење, на мислењето на граѓаните, анализите и истражувањата, консултациите со нашето членството, целосно се завршени и со одлука на раководството дефинирани се првите 30 кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ“, рече Заев.

  1. Перо Костадинов – Валандово
    2. Меликије Халими – Арачиново
    3. Благојчо Шапов – Богданци
    4. Зоран Зимбаков – Босилово
    5. Велимир Смилевски – Бутел
    6. Маријан Јанев – Василево
    7. Сашо Јанковски – Вевчани
    8. Ивица Димитров – Виница
    9. Роберт Бешовски – Градско
    10. Горан Трајковски – Делчево
    11. Лазар Петров – Демир Капија
    12. Анго Ангов – Дојран
    13. Борче Гиевски – Зелениково
    14. Јордан Насев – Карбинци
    15. Филип Темелковски – Кисела Вода
    16. Благојчо Илиев – Конче
    17. Томе Христовски – Крушево
    18. Аце Велковски – Лозово
    19. Медат Куртоски -Маврово-Ростуше
    20. Љубе Кузмановски – Новаци
    21. Константин Георгиевски – Охрид
    22. Елизабета Зелениковска – Петровец
    23. Славчо Пандурски – Пехчево
    24. Драган Анастасов – Пробиштип
    25. Живко Гошаревски – Ресен
    26. Стојан Николов – Росоман
    27. Жаклина Јовановска- Старо Нагоричане
    28. Горан Стојановски – Чашка
    29. Сашко Николов -Штип
    30. Петре Шилегов – Скопје

прикажи повеќе
Advertisement

Регион

82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш

Avatar

Published

на

82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш, биле констатирани при спроведената акција на СВР Струмица во текот на вчерашниот ден.

Имено во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Струмица, 15 во Валандово и 10 на подрачје на Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Регион

При спроведена контрола на СВР Струмица биле констатирани 85 пречекорувања на брзината

Avatar

Published

на

На 18.02.2024 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 85 пречекорувања на брзината, од кои 32 на подрачје на Струмица, 27 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Валандово и 9 на подрачје на Валандово. Од нив, 65 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 20 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе