Connect with us

Радовиш

Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Радовиш-Струмица, во близина на клучка за село Воиславци

Media Press

Published

на

Вчера околу 21.20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Струмица, во близина на клучка за с.Воиславци, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „волво“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.В.(72) од Струмица и трактор ,,ИМТ 533“, без регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(54) од с.Сулдурци.

Во незгодата возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Радовиш

Општина Радовиш апелира до сите ученици и родители, да се запишат на некои од струките во СОУ Коста Сусинов

Media Press

Published

на

Општина Радовиш упатува А П Е Л до сите ученици и родители, односно старатели да се запишат на некои од струките во СОУ Коста Сусинов Радовиш.

Општината и СОУ Коста Сусинов Радовиш, покрај класичното гимназиско образование, се заложија да се воведат и нови образовни струки како:

1.Геолошко-рударска и металуршка струка со 2 профили:

-рударски техничар и

-металуршки техничар и тоа во дуална паралелка.

2. Електро-техничка струка со 2 профили:

-електротехничар- енергетичар и

-електротехничар за компјутерска техника и автоматика;

3. Машинска струка со 1 профил: машински техничар и

4.Градежно-геодетска струка со 1 профил: градежен техничар.

Не помалку атрактивни се и и гимназиските паралелки од:

– Природно-математичкото подрачје,

– Општествено-хуманистичко подрачје, и

– Јазичното подрачје.

„Сево ова дава гаранција дека сега нашите ученици имаат многу повеќе можности за образование во СОУ КОСТА СУСИНОВ, но и за нивно брзо вработување, односно можност овде во Радовиш да си го оформат своето средно обрзование и да се профилираат во стручни профили кои им се потребни во бизнис секторот, или да се запишат на факултетите кои ги посакуваат“, вели градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов кој им дава силна поддршка на Целиот колектив од СОУ Коста Сусинво Радовиш, но пред се на сите ученици – матуранти од основните општински училишта со цел да се запишат во СОУ КОСТА СУСИНОВ РАДОВИШ.

Прочитај повеќе

Радовиш

No backpack day – Ден без ранци. Настан на средношколците од СОУ “Коста Сусинов” Радовиш

Media Press

Published

на

По повод денот „Први април – ден на шегата“ во Средното општинско училиште Коста Сусинов во Радовиш се одржа “anything but backpack day” настан во кој задача учениците беше да носат книги во сѐ освен ранци.

Погледнете ги креативните решенија на овој предизвик

Прочитај повеќе

Радовиш

Агресивно однесување од страна на Радовишани кон службените лица од Центар за социјални работи и полицијата

Media Press

Published

на

На 12.01.2022 во 10.20 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода М.К.(67) од Радовиш, кој околу 10.00 часот на ул.„Шаин маале“ во Радовиш попречувал службени лица од Центар за социјални работи Радовиш во преземање на службени дејствија и се однесувал агресивно кон нив.
По целосно расчистување на случајот против лицето ќе се изготви соодветен поднесок.

На 12.01.2022 година во 12.40 во Полициската станица Радовиш И.Д. од Радовиш пријавил дека околу 10.10 часот на ул.„Шаин маале“ Г.К. од Радовиш се однесувал агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Прочитај повеќе