Connect with us

Радовиш

Рудниците Бучим и Боров Дол доделија две вредни донации, за две јавни институции во Радовиш

Media Press

Published

на

Две донации на рудниците Бучим и Боров Дол за две јавни институции во Радовиш. Донација булдожер  за потребите  на ЈП Плаваја и амбулантно возило за Здравствениот дом во Радовиш.  Генералниот директор на Рудникот Бучим Олег Чусовитин и генералниот директор на Боров Дол Павло Кривинскиј, денеска ги предадоа донациите на директорите на  јавните институции, во присуство на градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов и раководителот на одделението за урбанизам Кирчо Сусинов.

Директорот на ЈП Плаваја Дејан Крстев рече дека оваа машина булдожер ќе се користи исклучиво за уредување на градската депонија.  Тој додели благодарница на директорот на Бучим, во знак на благодарност на двете компании кои ја донираа оваа вредна донација, градежна машина булдожер, тешка околу 35 тони.

Здравствениот дом во Радовиш доби ново амбулантно возило опремено со  потребната медицинска опрема. Директорката д-р Лимонка Илиевска се заблагодари за оваа вредна донација и со тоа како што рече, возниот парк на Итната медицинска помош се зголеми на пет амбулантни возила.

Градоначалникот Герасим Конзулов се заблагодари на  рудниците Бучим и Боров Дол за овие донации, кои ќе бидат искористени за потребите на двете институции. Тој спомна дека ЈП Плаваја е едно од најопремените јавни претпријатија во државата, и тоа благодарение на успешното менаџирање на директорот и со помошта од општината и од рудниците Бучим и Боров Дол.

На вработените во Здравствениот дом им посака што помалку да го користат новото амбулантно возило, односно да имаат што помалку пациенти.

 „Со подобрување на ефикасноста на општинските институции ја потврдуваме нашата заложба дека и понатаму ќе работиме во интерес на граѓаните“, рече прес секретарот на рудниците Бучим и Боров Дол, Крстина Крстева.

Таа додаде дека согласно општествената одговорност на двата рудника секогаш работат кон унапредување и подобрување на условите на локалното население во општините во кои што работат.

Радовиш

Архитектите и градежниците од Радовиш и Конче го прославија својот заштитник Свети Апостол Тома

Media Press

Published

на

Архитектите и градежниците од Радовиш и Конче денеска го прославија својот заштитник Свети Апостол Тома.

Околу 30 –тина архитекти и градежници денеска присуствуваа на божествена литургија во црковниот храм Света Троица во Радовиш. Во духот на вистински христијани се помолија и запалија свеќа во чест на овој светец.  Овој празник градежниците го слават над 40 години а преку здружението   во Радовиш се слави 13 години. 

Здружението на архитекти и градежници „Градикон“ во Радовиш брои околу 80 членови.

Традиционално за овој настан се бира и кум на градежниците.

Овогодишниот кум Дарко Илиев го предаде своето кумство на  новата кума  Александра Илиева.

Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, неговиот сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител. Според житието Апостол Тома е единствениот кој  ги стави прстите во Христовите рани и ја опипа реалноста на живото тело. 

Многу семејства овој ден го одбележуваат како своја куќна слава. Во минатото го прославувале дрводелците, бочварите, коларите, столарите, бунарџии ,  а најмногу ѕидарите поради тежината на нивната дејност….

Прочитај повеќе

Радовиш

Поцев: Изборниот резултат не значи пораз, покажавме дека партиската книшка не е единствениот механизам за успех

Media Press

Published

на

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Радовиш Горан Поцев изразува благодарност до сите граѓани  кои му укажаа доверба на вчерашното гласање.

„Ви благодарам на сите за довербата што ми да дадовте и ме направивте горд радовишанец. Радовишанец кој покажа како се сака и се бори за својата општина. Гордо стојам зад сите мои кажани зборови и со крената глава ќе продолжам да чекорам по мојот град , за кој сакав многу нешта да се променат. Радовиш и радовишани се мојот единствен мотив за подобро место на живеење.

Уште еднаш ви благодарам на сите за укажаната доверба и неизмерна поддршка. Со мојот тим дадовме се’ од себе, напорно работевме и сакавме да покажеме нешто ново во општеството и политиката.

Изборниот резултат не значи пораз, ова е еден голем успех за сите кои веруваат дека партиската книшка не е единствениот механизам за успех.

Покажавме дека нема пред никого да молчиме кога станува збор за овај град и секогаш ќе ставаме стоп на партиските вработувања. Постигнавме нешто за кое допрва ќе станеме свесни.

Без партиска поддршка ретко кој би се осмелил да излезе на избори.

Ние тоа го направивме!

Неизмерна благодарност упатувам и до мојот тим кој стоеше цврсто до мене и ме направи горд.

Затоа: БЛАГОДАРАМ на сите, за се’ што направивте за мене.

Нашиот подвик продолжува и понатаму во друга форма, ова е почетокот на она за кое во иднина сите ќе тежнееме:

Општество на слободни граѓани без партиски товар на грб!“, стои во објавата на Горан Поцев.

Прочитај повеќе

Радовиш

Конзулов: Ми беше гордост и секако привилегија да бидам градоначалник на Општина Радовиш, Ви благодарам на сите што гласавте слободно

Media Press

Published

на

Актуелниот градоначалник на Општина Радовиш  Герасим Конзулов кој беше кандидат за градоначалник од движењето „Одлучно за промени“ на ЛДП и ДОМ им се заблагодарова на сите граѓани кои ја дале поддршката за него на вчерашното гласање.

„Ви благодарам на сите што учествувавте во изборниот процес и гласавте слободно во духот на демократските вредности.

Посебно сакам да Ви се заблагодарам на сите коишто гласавте за мене и советнична листа од коалицијата. Вашиот глас е порака за промени, доказ дека постои граѓански активизам и почитување на вистинските вредности.

Останете посветени на нашата заедничка визија за подобра општина и локална управа која работи за доброто на сите. Вложивме доста труд и постигнавме огромен напредок во повеќе области, впрочем Вие знаете најдобро каква општина наследивме а каква општина оставаме.

Како човек кој професионално и приватно учествувал во градењето на нашиот град и населени места, бев убеден дека граѓаните можат и заслужуваат подобро. Мислам дека го покажав тоа на дело. Денес, локалната управа има нов стандард на работа и обврска во иднина да биде уште подобра.

Ми беше гордост и секако привилегија да бидам градоначалник на Општина Радовиш.

Ви благодарам на сите!“ стои во објавата на Конзулов.

Тој на кандидатите кои продолжуваат во вториот круг им посакаува успех, воедно на новоизбраните советници им честита  и им посакува успешна работа.

Прочитај повеќе