Connect with us

Радовиш

Општина Конче на одбележувањето на празникот 12 јули, Петровден, додели благодарница на градоначалникот Конзулов

Media Press

Published

на

Општина Конче на одбележувањето на празникот на општината 12 јули Петровден додели благодарница за успешна соработка и на градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов.  Конзулов во својот говор потенцира дека градоначалникот Илиев во изминатиот 4- годишен мандат направил многу за својата општина и му посака барем уште еден мандат.

Според моите анкети на градиначалниците од СДСМ, градоначалникот Благој Илиев е најупорниот градоначалник, затоа му посакувам д има уште два мандати, рече Конзулов.

Радовиш

Откриена група крадци од Радовиш кои извршиле девет кривични дела

Media Press

Published

на

 Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против три полнолетни лица од Радовиш и едно известување за две малолетни лица од Штип, кои престојувале во Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека во текот на месеците мај, јуни и јули 2021 година, извршиле девет кривични дела на подрачјата на Радовиш.


Петте лица се сомничат дека сториле шест кривични дела „тешка кражба “ и 3 кривични дела „тешка кражба во обид“ во објекти сопственост на  физички и правни лица, лоцирани во  Радовиш и на планината Плачковица.
Со сторените дела осомничените се стекнале со противправна имотна корист од околу 301.550 денари.

Прочитај повеќе

Радовиш

Чаракчиев: И покрај пандемијата со Ковид – 19, Владата во изминатиот период инвестираше најмногу во здравството

Media Press

Published

на

И покрај пандемијата со Ковид – 19 Владата во изминатиот период инвестираше најмногу во здравството,  рече пратеникот  и претстедател на  ОО на СДСМ  од Радовиш Коле Чаракчиев, на денешната прес конференција. Тој спомна дел од мерките кои ги реалзира владата во

„Владата инвестираше како во човечки капитал така и во ресурси , инфраструктура и опрема, Специјализации заклучно со 2022 година ке добијат некаде околу 930 лица, во исто време е зголемена капитацијата на матичните лекари“, рече меѓудругото Чаракчиев.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во предизвикан пожар делумно изгореле викенд куќа и помошен објект во близина на река Сушица во Радовиш

Media Press

Published

на

Вчера околу 20.00 часот во Полициската станица Радовиш, Б.К.(36) од Радовиш пријавил дека настанал пожар во викенд куќа, сопственост на В.Б. лоцирана во близина на река Сушица, атар на Радовиш, во кој делумно изгореле викенд куќата и помошен објект.

По интервенција на екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.

Прочитај повеќе