Connect with us

Македонија

Од денеска до четврток, закажување на термини за вакцинација на децата, вакцинирањето ќе започне од петок

Media Press

Published

на

Веќе нема потреба од закажување на термин за вакцинација. Од вчера започна вакцинацијата и без закажан термин за сите граѓани. Потребно е само да се посети најблиската здравствена установа и да се вакцинира секој, без закажан термин.

Според министерот за здравство Венко Филипче само со одговорно однесување кон себе и кон другите, може да се стави крај на пандемијата.
Од денеска до четврток ќе биде отворен сајтот vakcinacija.mk за закажување на термини за вакцинација на децата. Секој родител или старател кој сака да се вакцинира неговото дете ќе треба да го пријави на веб страницата, по што ќе добие термин за вакцинација. Вакцинирањето на деца ќе започне в петок, вели министерот Филипче.
Според Филипче во системот Мој Термин веќе се регистрираат малолетни лица (деца од 12-16 години) кои сакаат да се вакцинираат.

Родителите или старателите доколку наидат на потешкотии при пријавување на своето дете, да го проверат статусот на евидентирање на децата, односно дали истите се осигуреници во базата на ФЗО на РС Македонија.
Оние деца кои немаат здравствено осигурување, или немаат одбрано матичен лекар, исто така ќе може да се вакцинираат, а информации за термините ќе може да добијат директно на вакциналните пунктови каде ќе се одвива вакцинација на деца.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

24 нови случаи на Ковид -19 во општините во Југоистокот според последните податоци

Media Press

Published

на

Во последните 24 часа направени се 3.491 тестирањe, а регистрирани се 487 нови случаи на КОВИД-19 од нив 24 во Југоистокот:

• Струмица – 10

• Гевгелија – 9

• Радовиш- 3

• Валандово и Богданци, по 2.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 9 починати лица од Скопје, 3 починати лица од Куманово. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 1487 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.351.460 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.156 бројката на оздравени пациенти е 185.459, на починати е 6.998, а бројот на активни случаи изнесува 5.699.

Прочитај повеќе

Македонија

Резултатите од вчерашното тестирање на ученици беа негативни

Media Press

Published

на

Резултатите од вчерашното скрининг тестирање на 68 ученици од Скопје беа негативни, соопштува Министерството за здравство.

Предвидено е, како што информираа од Министерството за здравство и Министерството за образобание и наука, освен во овие две училишта, скрининг на учениците да се спроведе во уште седум средни училишта во Скопје.

Исто така, вчера беа тестирани и 258 други средношколци. Во Југоистокот тестирањето продолжува во општините Дојран и Конче.

Од Центарот за јавно здравје чии медицински лица ги земаат примероците од брис, велат дека станува збор за брзи скрининг тестови кои се слични како и тие што се земаат брисеви и за коронавирусот, но и за други бактериолошки заболување во носот и грлото. Резултатите се добиваат во рок од три до четири минути.

Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на Ковид-19 меѓу учениците. Со податоците ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, информираат од Министерството за здравство.

Прочитај повеќе

Избори 2021

До ДИК досега се поднесени 13 приговори за постапката за гласање

Media Press

Published

на

До Државната изборна комисија (ДИК) досега се поднесени вкупно 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на резултатите за локалните избори што се одржаа во неделата.

Според роковникот за изборни дејства, ДИК е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Против одлуката на ДИК, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.

Четири приговори поднела Коалицијата предводена од СДСМ. Двата се однесуваат на две избирачки места во општина Јегуновце. Останатите приговири се за избирачко место во општина Ѓорче Петров и за избирачко место во општина Македонска Каменица.

Од Алијанса за Албанците и Алтернатива има шест приговари, за избирачки места во општините Дебар, Шуто Оризари и Гостивар. Еден приговор се однесува на сумирање на резултатите за градоначалник на општина Гостивар и еден кој се однесува на сумирање на резултатите за членови на Совет на општина Гостивар.

Од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ поднесени се три приговори, за избирачки места во општина Центар, во општина Долнени и во општина Сарај.

Два приговора се поднесени од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат на прекршување на изборниот молк.

Државната изборна комисија дополнително ќе закаже седница за разгледување и одлучување по приговорите.

Прочитај повеќе