Connect with us

Конче

Општина Конче го одбележа празникот на општината 12 -ти Јули, Петровден

Media Press

Published

на

Општина Конче го одбележа празникот на општината 12 -ти Јули, Петровден со пригодна свеченост, и културно иметничка програма.

По повод празникот на општината,  беше одржана свечена седница на Советот, на која градоначалникот Благој Илиев, изврши прием на поканети гости, деловни партнери и пријатели, директори на јавни институции  и приватни компании меѓу кои и генералниот  директор на РБ Бучим, Олег Чустовитин, потоа градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов и други гости. Присутните ги поздрави градоначалникот Благој Илиев  кој притоа изрази задоволство од укажаната чест, а  спомна и дел од проектите кои се реализираа во изминатиот период.

Градоначалникот Илиев во оваа прилика ја потврди и својата кандидатура за втор мандат.

На свечената седница беа доделени признанија и благодарници за успешна соработка  со Општина Конче на повеќе правни и физички лица и раководители на институции.  Благодарница беше доделена на менаџерскиот тим на рудниците Бучим и Боров Дол. На градиначалнникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов,  на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, на директорката на Инфективна болница во Штип, на директорката на Здравствениот дом во Радовиш, на Регионална телевизија Кобра и на други соработници и подржувачи на Општина Конче.

На свечената седница беше одржана и културно уметничка програма. Согласно програмата празнувањето заврши со пригоден коктел во дворот на манастирот Свети Стефан во Конче, кој им беше претставен на гостите како атрактивна  рурална туристичка дестинација.

прикажи повеќе
Advertisement

Конче

Пронајдени и одземени бесправно исечени огревни дрва во Општина Конче

Media Press

Published

на

Вчера околу  09.45 часот при преземање на координирани мерки од страна на полициски службеници од Полициска станица Радовиш и вработени во Шумска полиција Радовиш, на место викано „Скрин Дол“, атар на село Долни Липовиќ, општина Конче, биле пронајдени бесправно исечени огревни дрва.

Дрвата се предадени во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Плачковица – Радовиш.

Прочитај повеќе

Конче

Општина Конче завршува уште еден приоритетен проект во програмата

Media Press

Published

на

Општина Конче завршува уште еден приоритетен проект во програмата „ИЗГРАДБА НА ДЕЛ ОД ЛОКАЛЕН ПАТ С.ЛУБНИЦА – С. СКОРУША.

Станува збор за проект со вредност од околу 7.5 милиони денари и е финансиран од  АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИНАНСИКСА ПОДРШКА НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ.

Локалниот пат е во должина 1.683 метри, со ширина на коловозот од 3.5 метри, 8 цевасти пропусит и ширина на банкини 1 метар.

„Со овој проект ќе овозможиме побрз и полесен пристап до селата Скоруша, Загорци и Гарван, кои долги години биле отсечени од централните населени места во нашата општина, поради што довело до голем број на миграции од овие села. Исто така овој пат е доста значаен и за развој на земјоделието со што се овозможува полесен пристап до обработливите земјоделски површини“, вели градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев.

Прочитај повеќе

Конче

Изложба на метални скулптури на Миле Стефанов Карсон, инспириран од космосот и Македонија

Media Press

Published

на

Изложба на уметнички дела од Миле Стефанов Карсон викендот се одржа во  дворот на неговиот дом во село Лубница, Општина Конче, на која присуствувва голем број поканети гости уметници, роднини  и пријатели.   Изложбата беше организирана под покровителство на Општина Конче, а истата ја отвори градоначалникот Благој Илиев.  

На зодоволство на домаќинот на изложабата присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче кој беше воодушевен од делата на Карсон и од неговата техника на изработка.

„Космосот и Македонија се моја вечна инспирација“ вели Миле Стефанов Карсон, кој како што вели црпи инспирација од  Александар Македонски. Уметноста од секогаш му била во душата, но со ваков вид уметност се занимава од пред 15 години. Сака да црта на карпи, на ѕидови од стари куќи и на се што е погодно за да се нацрта некое дело.

Металните скулптури ги изработува од ладно железо во својата работилница, што е како што вели Карсон тежок и специфичен процес.

Прочитај повеќе