Министерството
за здравство вчера соопшти дека од 12 јули ќе може да се вакцинира секој без
оглед дали е пријавен или не преку веб-страницата vakcinacija.mk.
„Секој
кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а
паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на
vakcinacija.mk“, информираат од Министерството.
Оттаму
соопштуваат дека почнувајќи од 12 јули вакцинацијата против ковид-19 ќе се
одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците
во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација.
Министерот Филипче вчера на работен состанок со директорите на здравствените домови во државата и членови на Националната работна група за ковид-19 вакцинација, ги утврдуваа насоките за организација на теренска вакцинација којашто треба да започне од следната недела.
Здравствените
домови, како што соопшти Министерството за здравство, до петок треба да
изготват план и организација за секој ден, време и место на теренската
вакцинација.
Комисијата
за заразни болести вчера оцени дека нема потреба за воведување на нови
ограничувања, но и некакви рестриктивни мерки во однос на штитење на границите
од ширење на делта сојот при влез на странски државјани во нашата државата.
Вкупниот
број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата
изнесува 155.716, бројот на оздравени пациенти е 150.100, на починати е 5.486. Бројот на активни случаи до вчера беше
130, од кои во Скопје има уште 54, во Тетово 15, Кичево 14 и Куманово 1.