Македонија
Потврдени четири случаи на делта сојот во Македонија, а се чекаат резултати за уште четири граѓани

Published
1 година agoна
By
Media Press
Досега се потврдени четири случаи на делта сојот во Македонија, а се чекаат резултати за уште четири граѓани за кои нема информации дали патувале надвор од земјава, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој потврди дека вчера било регистрирано уште едно лице заразено со индискиот сој на коронавирусот, кое се лекува во Велес и има полесна клиничка слика.
Во меѓувреме, се чекаат резултати за уште четворица пациенти кои се сомнителни на индискиот сој на коронавирусот и тие се лекуваат во Скопје. Еден од нив, како што рече Филипче, има потешка клиничка форма и е поставен на респираторна машина, додека останатите се стабилни.
„Доколку се потврди дека овие четворица пациенти се позитивни, во државава би имале осуммина заразени од индискиот сој“, додаде Филипче.
Овие пациенти, како што кажа министерот за здравство, не се поврзани еден со друг и не биле вакцинирани и се очкуваат резултатите од епидемиолошката анкета.
Министерот Филипче денеска соопшти дека сега е многу рано да се каже дали ќе има одложување на почетокот на новата учебна година. Почетокот на школската година, како што рече, ќе зависи од повеќе фактори, а најмногу ќе зависи од емидемилошката ситуација, генерално во земјава. тој рече дека сега активно се вакцинираат наставниците.
Индискиот сој на коронавирусот досега е евидентиран во повеќе од 100 држави.
Поврзани содржини
Филипче: Да нема собирања на семејни прослави и разни други групирања, вирусот така најлесно се шири
Филипче: Расте факторот на преносливост на Ковид-19 што е јасен индикатор дека ќе има промена на ситуацијата
Новата учебна година започнува со физичко присуство, како и во соседните земји
Филипче: За влез во државата сертификат за вакцина, негативен тест или потврда за прележан Ковид
Филипче: Пристигна најсовремената терапија за пациенти заболени со вирусот Ковид 19
Филипче: Размислуваме наесен вакциналниот сертификат да биде задолжителен за влез на настани на затворено како и за масовни настани
Македонија
КЗБ:Нема нови рестриктивни мерки, да се почитуваат мерките кои се на сила

Published
2 дена agoна
август 5, 2022By
Media Press
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја разгледа епидемиолошката состојба во земјата, при што беше заклучено дека минатата недела се забележува благ пораст на бројот на нови случаи (8,5%), што е значително понизок пораст споредено со претходната недела (55,7%) и е во согласност со намалувањето на репродукцискиот број (Р0).
Македонија е во фаза на широка трансмисија, со соодветни капацитети за одговор. Во овие услови, Комисијата не препорачува воведување нови рестриктивни мерки и апелира до граѓаните на совесно однесување и почитување на мерките кои се на сила, како што се: задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките, во јавниот превоз и во згрижувачките установи. Од особена важност е граѓаните кои имаат симптоми или се сомневаат дека се Ковид позитивни да се однесуваат одговорно и да ги заштитат луѓето околу себе, така што ќе избегнуваат близок контакт со други луѓе и престој во затворени простории без маски.
Останува силната препорака/апел за сите граѓани, а особено за граѓаните кои спаѓаат во ризични групи за потежок тек на болеста да се придржуваат до сите потврдени епидемиолошки мерки за заштита од инфекција, како често и темелно миење или дезинфицирање на рацете, избегнување гужви и престој во затворени и непроветрени простории и носење заштитни маски, како и придржување до препораките за вакцинација против Ковид-19.
Македонија
УЈП со најнова информација за корисниците на апликацијата МОЈ ДДВ

Published
2 дена agoна
август 5, 2022By
Media Press
Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер на скенирање на фискални сметки. Прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery а за Playstore се очекува во најбрзо време одобрување од страна на Google.
Корисниците на апликацијата Мој ДДВ ќе треба првин да направат ажурирање (update) на апликацијата на apple Appstore/Huawei gallery, а потоа да се најават во апликацијата во делот „Профил„ во прозорчето „Тип на баркод скенер“ наместо, „основен“ повторно да одберат „напреден “.
МојДДВ е мерка за граѓаните и средствата од таа мерка се враќаат кај граѓаните. УЈП, веќе ја почна исплатата на средства за корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тромесечје, односно, во месеците април, мај, јуни 2022 година, и по тој основ на сметките ќе бидат исплатени 550 милиони денари, како поврат од МојДДВ.
Македонија
Од септември 720 образовни асистенти во основните училишта во земјава

Published
3 дена agoна
август 4, 2022By
Media Press
Подигнувањето на степенот на инклузивност на националниот образовен систем е стратешки приоритет и клучна цел во програмата за работа на Министерството за образование и наука, кон која континуирано се насочуваат сé повеќе средства и активности во чија реализација се вклучуваат голем број општествени чинители.
Во таа насока е воведена и услугата образовна асистенција како обврска на државата уредена со закон. Односно ангажирањето на образовни асистенти за учениците со попреченост кои следат настава во редовните основни училишта повеќе не е грижа и трошок за семејствата на учениците, информираат од Министерството за образование.
Минатата учебна година, беа ангажирани 500 образовни асистенти, од кои 260 во скопскиот, кумановскиот и полошкиот регион и 240 асистенти во други три региони, односно по 80 асистенти во вардарскиот, југоисточниот и пелагонискиот регион.
Имајќи ги предвид искажаните потреби на родителите на учениците со попреченост, во новата учебна 2022-2023 година, ќе бидат ангажирани вкупно 720 образовни асистенти, а јавните огласи за пријавување на заинтересираните, во следните неколку денови ќе ги објават основните училишта со ресурсни центри кои воедно и се задолжени за спроведување на целата постапка за селекција.
Согласно Правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи на образовниот и личниот асистент, образовен асистент може да биде лице кое сестекнало со звање: специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог со завршено VII/1 степен т.е. VIA според македонската рамка на квалифкациии МРК или 240 ЕКТС, како и лице кое што ги исполнува условите за наставник воодделенска настава (VII/1 степен т.е. VI A според МРК или 240 ЕКТС), односно наставник во предметна настава (VII/1 степен т.е. VI A според МРК или 240 ЕКТС)
По конечниот избор, образовните асистенти се вработуваат во основните училишта со ресурсни центри, со месечен надомест и платени придонеси од задолжително социјално осигурување.
Министерството за образование и наука ги повикува сите граѓани со соодветно образование и со желба за работа со ученици со попреченост, да ги следат веб страниците на основните училишта со ресурсни центри и да се пријават на повикот од соодветното училиште за кое се заинтересирани.

КЗБ:Нема нови рестриктивни мерки, да се почитуваат мерките кои се на сила

Приведени неколку лица во Полициска станица Радовиш, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка

УЈП со најнова информација за корисниците на апликацијата МОЈ ДДВ

,,РАДОВИШАНКИ ЕТНО,, најдобри во автентичен фолклор на Меѓународниот фолклорен фестивал ,,ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ,,-Битола 2022
