Connect with us

Македонија

Од 12 јули ќе може да се вакцинира секој граѓанин, без разлика дали е пријавен или не

Media Press

Published

на

Министерството за здравство вчера соопшти дека од 12 јули ќе може да се вакцинира секој без оглед дали е пријавен или не преку веб-страницата vakcinacija.mk.

„Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk“, информираат од Министерството.

Оттаму соопштуваат дека почнувајќи од 12 јули вакцинацијата против ковид-19 ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација.

Министерот Филипче вчера на работен состанок со директорите на здравствените домови во државата и членови на Националната работна група за ковид-19 вакцинација, ги утврдуваа насоките за организација на теренска вакцинација којашто треба да започне од следната недела.

Здравствените домови, како што соопшти Министерството за здравство, до петок треба да изготват план и организација за секој ден, време и место на теренската вакцинација.

Комисијата за заразни болести вчера оцени дека нема потреба за воведување на нови ограничувања, но и некакви рестриктивни мерки во однос на штитење на границите од ширење на делта сојот при влез на странски државјани во нашата државата.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.716, бројот на оздравени пациенти е 150.100, на починати е 5.486. Бројот на активни случаи до вчера беше 130, од кои во Скопје има уште 54, во Тетово 15, Кичево 14 и Куманово 1.

Македонија

Резултатите од вчерашното тестирање на ученици беа негативни

Media Press

Published

на

Резултатите од вчерашното скрининг тестирање на 68 ученици од Скопје беа негативни, соопштува Министерството за здравство.

Предвидено е, како што информираа од Министерството за здравство и Министерството за образобание и наука, освен во овие две училишта, скрининг на учениците да се спроведе во уште седум средни училишта во Скопје.

Исто така, вчера беа тестирани и 258 други средношколци. Во Југоистокот тестирањето продолжува во општините Дојран и Конче.

Од Центарот за јавно здравје чии медицински лица ги земаат примероците од брис, велат дека станува збор за брзи скрининг тестови кои се слични како и тие што се земаат брисеви и за коронавирусот, но и за други бактериолошки заболување во носот и грлото. Резултатите се добиваат во рок од три до четири минути.

Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на Ковид-19 меѓу учениците. Со податоците ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, информираат од Министерството за здравство.

Прочитај повеќе

Избори 2021

До ДИК досега се поднесени 13 приговори за постапката за гласање

Media Press

Published

на

До Државната изборна комисија (ДИК) досега се поднесени вкупно 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на резултатите за локалните избори што се одржаа во неделата.

Според роковникот за изборни дејства, ДИК е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Против одлуката на ДИК, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.

Четири приговори поднела Коалицијата предводена од СДСМ. Двата се однесуваат на две избирачки места во општина Јегуновце. Останатите приговири се за избирачко место во општина Ѓорче Петров и за избирачко место во општина Македонска Каменица.

Од Алијанса за Албанците и Алтернатива има шест приговари, за избирачки места во општините Дебар, Шуто Оризари и Гостивар. Еден приговор се однесува на сумирање на резултатите за градоначалник на општина Гостивар и еден кој се однесува на сумирање на резултатите за членови на Совет на општина Гостивар.

Од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ поднесени се три приговори, за избирачки места во општина Центар, во општина Долнени и во општина Сарај.

Два приговора се поднесени од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат на прекршување на изборниот молк.

Државната изборна комисија дополнително ќе закаже седница за разгледување и одлучување по приговорите.

Прочитај повеќе

Македонија

Укинато е ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти и се дозволува поголема исполнетост на капацитетите

Media Press

Published

на

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 113-та седница, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти.

Со овие измени и дополнувања ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите се укинува. Ограничувањето престанува да важи за отворените и затворените делови.

Дополнително е усвоена и измена на ограничувањето на исполнетоста на капацитетите на овие угостителски објекти, односно ограничувањето на бројот на гости во затворениот дел од објектот, како и во отворениот дел е до најмногу 50% искористеност на капацитетот на објектите.

За угостителските објекти за организирање прослави, веселби и свадби, остануваат во сила постојните мерки и протоколи.

Прочитај повеќе