Connect with us

Радовиш

„Женска акција“ одржа неколку фокус групи со жени од општините Радовиш и Конче

Media Press

Published

на

Во рамките на проектот „Побарај промена“ невладината организација  Женска акција, Радовиш, одржа неколку фокус групи со жени  од Општините Радовиш и Конче. Таква фокус група  како што информирар од Женска акција беше одржана со жени од с. Ораовица на која се разговараше за важноста од вклучување на жените во процесите на носење на одлуки. Притоа жените истакнаа поголем број на проблеми кои на еден од следните состаноци ќе бидат приоритизирани проблемите позначајните кои се присутни во оваа локална заедница.

„Во куќата на нашата аниматорка Елизабета Бајрами од Шеин Маале во соработка со аниматорката Шезана Амедова беше организирана фокус група со жени кои беа охрабрени и мотивирани за нивно вклучување во идентификување на проблеми и нивно застапување пред локалните власти. Жените идентификуваа голем број на проблеми и покажаа голем интерес за нивно решавање, особено беа расположени да им помогнат на нивните сограѓанки на кои им е потребна помош“, информират од Женска акција.

Исто така беше одржана уште една фокус група со жените од Конче во рамките на проектот Побарај промена. Присутните жени ги истакнаа специфичните проблеми кои се однесуваат на жената во оваа рурална заедница. Од страна на тимот на Женска акција беа истакнати повеќе начини за мобилизација на жените и беа поттикнати и мотивирани жените да превземат иницијатива со цел подобрување на животот во оваа локална заедница.

Радовиш

Архитектите и градежниците од Радовиш и Конче го прославија својот заштитник Свети Апостол Тома

Media Press

Published

на

Архитектите и градежниците од Радовиш и Конче денеска го прославија својот заштитник Свети Апостол Тома.

Околу 30 –тина архитекти и градежници денеска присуствуваа на божествена литургија во црковниот храм Света Троица во Радовиш. Во духот на вистински христијани се помолија и запалија свеќа во чест на овој светец.  Овој празник градежниците го слават над 40 години а преку здружението   во Радовиш се слави 13 години. 

Здружението на архитекти и градежници „Градикон“ во Радовиш брои околу 80 членови.

Традиционално за овој настан се бира и кум на градежниците.

Овогодишниот кум Дарко Илиев го предаде своето кумство на  новата кума  Александра Илиева.

Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, неговиот сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител. Според житието Апостол Тома е единствениот кој  ги стави прстите во Христовите рани и ја опипа реалноста на живото тело. 

Многу семејства овој ден го одбележуваат како своја куќна слава. Во минатото го прославувале дрводелците, бочварите, коларите, столарите, бунарџии ,  а најмногу ѕидарите поради тежината на нивната дејност….

Прочитај повеќе

Радовиш

Поцев: Изборниот резултат не значи пораз, покажавме дека партиската книшка не е единствениот механизам за успех

Media Press

Published

на

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Радовиш Горан Поцев изразува благодарност до сите граѓани  кои му укажаа доверба на вчерашното гласање.

„Ви благодарам на сите за довербата што ми да дадовте и ме направивте горд радовишанец. Радовишанец кој покажа како се сака и се бори за својата општина. Гордо стојам зад сите мои кажани зборови и со крената глава ќе продолжам да чекорам по мојот град , за кој сакав многу нешта да се променат. Радовиш и радовишани се мојот единствен мотив за подобро место на живеење.

Уште еднаш ви благодарам на сите за укажаната доверба и неизмерна поддршка. Со мојот тим дадовме се’ од себе, напорно работевме и сакавме да покажеме нешто ново во општеството и политиката.

Изборниот резултат не значи пораз, ова е еден голем успех за сите кои веруваат дека партиската книшка не е единствениот механизам за успех.

Покажавме дека нема пред никого да молчиме кога станува збор за овај град и секогаш ќе ставаме стоп на партиските вработувања. Постигнавме нешто за кое допрва ќе станеме свесни.

Без партиска поддршка ретко кој би се осмелил да излезе на избори.

Ние тоа го направивме!

Неизмерна благодарност упатувам и до мојот тим кој стоеше цврсто до мене и ме направи горд.

Затоа: БЛАГОДАРАМ на сите, за се’ што направивте за мене.

Нашиот подвик продолжува и понатаму во друга форма, ова е почетокот на она за кое во иднина сите ќе тежнееме:

Општество на слободни граѓани без партиски товар на грб!“, стои во објавата на Горан Поцев.

Прочитај повеќе

Радовиш

Конзулов: Ми беше гордост и секако привилегија да бидам градоначалник на Општина Радовиш, Ви благодарам на сите што гласавте слободно

Media Press

Published

на

Актуелниот градоначалник на Општина Радовиш  Герасим Конзулов кој беше кандидат за градоначалник од движењето „Одлучно за промени“ на ЛДП и ДОМ им се заблагодарова на сите граѓани кои ја дале поддршката за него на вчерашното гласање.

„Ви благодарам на сите што учествувавте во изборниот процес и гласавте слободно во духот на демократските вредности.

Посебно сакам да Ви се заблагодарам на сите коишто гласавте за мене и советнична листа од коалицијата. Вашиот глас е порака за промени, доказ дека постои граѓански активизам и почитување на вистинските вредности.

Останете посветени на нашата заедничка визија за подобра општина и локална управа која работи за доброто на сите. Вложивме доста труд и постигнавме огромен напредок во повеќе области, впрочем Вие знаете најдобро каква општина наследивме а каква општина оставаме.

Како човек кој професионално и приватно учествувал во градењето на нашиот град и населени места, бев убеден дека граѓаните можат и заслужуваат подобро. Мислам дека го покажав тоа на дело. Денес, локалната управа има нов стандард на работа и обврска во иднина да биде уште подобра.

Ми беше гордост и секако привилегија да бидам градоначалник на Општина Радовиш.

Ви благодарам на сите!“ стои во објавата на Конзулов.

Тој на кандидатите кои продолжуваат во вториот круг им посакаува успех, воедно на новоизбраните советници им честита  и им посакува успешна работа.

Прочитај повеќе