Радовиш
Creative Fellowship им овозможи на младите љубители на уметноста едно несекојдневно искуство и “туристичко“доживување на главниот град
Објавено на
Од
Media Press
Петата генерација на учесници во Creative Fellowship програмата, имаа уникатна можност да ги посетат културните институции во Скопје и одблизу да се запознаат со македонската култура и уметност.

Во новиот формат на образовната програма , на учесниците во Creative Fellowship 2021, по завршувањето на бесплатниот курс по англиски јазик и историја на уметност, им беше организирана еднодневна екскурзија, каде што младите вљубеници во уметноста имаа можност да ја искусат магијата на уметноста, да ја искусат невидливата страна, зад завесите, зад сцената… Младите креативци настапија на импозантната сцена на Македонскиот народен театар и ѕирнаа зад завесите на сцената.

Во текот на неколкучасовната обиколка, се запознаа со интересните приказни за Камениот мост, Скопското кале и Старата скопска чаршија, ги разгледаа импозантните градби и споменици на културата и се запознаа музејското и културно наследство на Република Северна Македонија. Музејот на современата уметност исто така ги отвори вратите за учесниците на Creative Fellowship , каде што имаа можност да ги погледаат изложените дела на над 30 локални, регионални и меѓународни млади уметници.

Во текот на еднодневната екскурзија, 14-те надежни таленти од Радовиш, Штип и Конче, преку забавна дружба ја искусија мистиката на уметноста и го потикнаа своето креативно самоизразување. Дел од нив за прв пат влегоа во музеј и театар, а некои за прв пат беа во стариот дел од градот. Групата имаше можност да доживее едно незаборавно искуство и да се запознаат уметничките вредности на РСМ.

Годинава, од Северна Македонија, вкупно 16 учесници беа избрани, од кои 14 останаа до самиот крај на курсот и успешно го завршија. Во текот на наредниот период, се очекува и да биде избран победникот на овогодинешната програма, кој што ќе биде награден со бесплатно патување во Салцбург, Австрија. Оваа година, победникот е само еден од сите три држави (Северна Македонија, Украина и Гватемала).

Поврзани содржини
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!







