Connect with us

Радовиш

Creative Fellowship им овозможи на младите љубители на уметноста едно несекојдневно искуство и “туристичко“доживување на главниот град

Media Press

Published

на

Петата генерација на учесници во Creative Fellowship програмата, имаа уникатна можност да ги посетат културните институции во Скопје и одблизу да се запознаат со  македонската култура и уметност.

Во новиот формат на образовната програма , на учесниците во Creative Fellowship  2021, по завршувањето на бесплатниот курс по англиски јазик и историја на уметност, им беше организирана еднодневна екскурзија, каде што младите вљубеници во уметноста имаа можност да ја искусат магијата на уметноста, да ја искусат невидливата страна, зад завесите, зад сцената… Младите креативци настапија на импозантната сцена на Македонскиот народен театар и ѕирнаа зад завесите на сцената.

Во текот на неколкучасовната обиколка, се запознаа со интересните приказни за Камениот мост, Скопското кале и Старата скопска чаршија, ги разгледаа импозантните градби и споменици на културата и се запознаа музејското и културно наследство на Република Северна Македонија. Музејот на современата уметност исто така ги отвори вратите за учесниците на Creative Fellowship , каде што имаа можност да ги погледаат изложените дела на над 30 локални, регионални и меѓународни млади уметници.

Во текот на еднодневната екскурзија, 14-те надежни таленти од Радовиш, Штип и Конче, преку забавна дружба ја искусија мистиката на уметноста и го потикнаа своето креативно самоизразување. Дел од нив за прв пат влегоа во музеј и театар, а некои за прв пат беа во стариот дел од градот. Групата имаше можност да доживее едно незаборавно искуство и да се запознаат уметничките вредности на РСМ.

Годинава, од Северна Македонија, вкупно 16 учесници беа избрани, од кои 14 останаа до самиот крај на курсот и успешно го завршија. Во текот на наредниот период, се очекува и да биде избран победникот на овогодинешната програма, кој што ќе биде награден со бесплатно патување во Салцбург, Австрија. Оваа година, победникот е само еден од сите три држави (Северна Македонија, Украина и Гватемала).

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Откриена група крадци од Радовиш кои извршиле девет кривични дела

Media Press

Published

на

 Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против три полнолетни лица од Радовиш и едно известување за две малолетни лица од Штип, кои престојувале во Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека во текот на месеците мај, јуни и јули 2021 година, извршиле девет кривични дела на подрачјата на Радовиш.


Петте лица се сомничат дека сториле шест кривични дела „тешка кражба “ и 3 кривични дела „тешка кражба во обид“ во објекти сопственост на  физички и правни лица, лоцирани во  Радовиш и на планината Плачковица.
Со сторените дела осомничените се стекнале со противправна имотна корист од околу 301.550 денари.

Прочитај повеќе

Радовиш

Чаракчиев: И покрај пандемијата со Ковид – 19, Владата во изминатиот период инвестираше најмногу во здравството

Media Press

Published

на

И покрај пандемијата со Ковид – 19 Владата во изминатиот период инвестираше најмногу во здравството,  рече пратеникот  и претстедател на  ОО на СДСМ  од Радовиш Коле Чаракчиев, на денешната прес конференција. Тој спомна дел од мерките кои ги реалзира владата во

„Владата инвестираше како во човечки капитал така и во ресурси , инфраструктура и опрема, Специјализации заклучно со 2022 година ке добијат некаде околу 930 лица, во исто време е зголемена капитацијата на матичните лекари“, рече меѓудругото Чаракчиев.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во предизвикан пожар делумно изгореле викенд куќа и помошен објект во близина на река Сушица во Радовиш

Media Press

Published

на

Вчера околу 20.00 часот во Полициската станица Радовиш, Б.К.(36) од Радовиш пријавил дека настанал пожар во викенд куќа, сопственост на В.Б. лоцирана во близина на река Сушица, атар на Радовиш, во кој делумно изгореле викенд куќата и помошен објект.

По интервенција на екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.

Прочитај повеќе