Connect with us

Струмица

Исчезнала 14 – годишна девојка од Банско, Струмичко

Media Press

Published

на

Мајка пријавила во полиција дека исчезнала нејзината 14- годишна ќерка, за која се претпоставува дека најверојатно е со нејзиниот љубовник.

„На 03 јули во 20.05 часот во СВР Струмица, Ќ.Б.(33) од с.Банско пријавила дека од дома се оддалечила нејзината ќерка Б.Н.(14), која најверојатно била со Љ.И.(19) од с.Банско, со кого била во љубовна врска. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“ стои во известувањето од МВР.

Струмица

Повреден пешак во Струмица од удар на автомобил

Media Press

Published

на

По удар од автомобил на улица во Струмица пешак се здоби со тешки телесни повреди.

Несреќата се случила вчера на улицата Климент Охридски.

„Патничко возило ‘мерцедес’, со бугарски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(45) од селото Седларци, Струмичко, удрило во пешакот С.С.(58) од Струмица. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица“, велат од МВР.

Прочитај повеќе

Избори 2021

Костадинов: Целосна реконструкција на Домот на културата во Куклиш

Media Press

Published

на

 Кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ и коалицијата Костадин Костадинов најави целосна реконструкција на Домот на културата во Куклиш за да биде мултифункционален простор за сите граѓани.

„Во проектната програма со целосна реконструкција на Домот на културата во Куклиш се предвидени следните содржини: сала за приредби и претстави со сцена и гардероби за изведувачи, библиотека со читална, две простории за културно уметнички друштва, две канцеларии за вработените, клуб на пензионери, канцеларија на Месната заедница, кафетерија, санитарни простории и технички простории.

Планот за реконструкција е јасен ‐ Домот на Културата по реконструкцијата да стане мулти‐функционален простор кој ќе го користат сите жители на Куклиш. Во делот на зоната околу Домот на Културата и објектите кои се во непосредната околина планираме надополнување со ново парковско уредување.
Со овој проект е предвидено уредување на инфраструктурата со пешачки патеки и поставување соодветна, урбана опрема, надополнување на постоечките зелени површини и дополнување со ново холтикултурно уредување“, рече Костадинов.

Прочитај повеќе

Избори 2021

Костадинов пред жителите на Муртино ја побара поддршката за градоначалник на Струмица

Media Press

Published

на

Кнадидатот за градоначалник на Општина Струмица од СДСМ и коалицијата Костадин Костадинов во рамките на своите предизборни активности се обрати пред жителите на Муртино, како што рече, во родното место на претседателот Зоран Заев.

„Јас од овде вечерва ја барам довербата со целата моја младост, елан и желба да ги водам заедно со вас, Муртино и целата општина Струмица напред. Затоа што знам како, со изградба на нова градинка, со реконструкција на центарот на Муртино, со нова спортска сала… Го завршуваме познатото и продолжуваме со нови проекти, за уште поубави и помодерни Муртино и цела Општина“, рече Костадинов.

Прочитај повеќе