Connect with us

Радовиш

Доделени благодарници на повеќекратни крводарители од општина Радовиш

Media Press

Published

на

По повод Светски ден на крводарителството, Општинската организација на Црвен крст Радовиш организираше мала свеченост и додели благодарници на повеќекратни крводарители. За покажаната хуманост на присутните крводарители им честитаа секретарот на Црвен крст, Радовиш, Верица Беќарова и претседателот на ОО на Црвен крст Ване Коцев.

На свеченоста беа доделени благодарници на крводарители за 10, 30, 50, 70, 80 и 100 пати дарувана крв.

Благодарница за 50 пати дарувана крв беша врачена на Дејанчо Донев, додека за 70 и 80 пати дарувана крв благодарници добија Никочо Калајџиев и Гарип Лиманов.

Благодарница и сиболичен подарок рачен часовник, за 100 пати дарувана крв му беше врачено на Мите Панев.

„Светскиот ден на крводарителството е ден кој се одбележува со цел да се искаже благодарност на крводарителите како важен фактор во обезбедување на доволно количество резерви на крв како и промоција на крводарителството и негово афирмирање“, рече секретарот на ОО на Црвен крст, Верица Беќарова.

Радовиш

Откриена група крадци од Радовиш кои извршиле девет кривични дела

Media Press

Published

на

 Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против три полнолетни лица од Радовиш и едно известување за две малолетни лица од Штип, кои престојувале во Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека во текот на месеците мај, јуни и јули 2021 година, извршиле девет кривични дела на подрачјата на Радовиш.


Петте лица се сомничат дека сториле шест кривични дела „тешка кражба “ и 3 кривични дела „тешка кражба во обид“ во објекти сопственост на  физички и правни лица, лоцирани во  Радовиш и на планината Плачковица.
Со сторените дела осомничените се стекнале со противправна имотна корист од околу 301.550 денари.

Прочитај повеќе

Радовиш

Чаракчиев: И покрај пандемијата со Ковид – 19, Владата во изминатиот период инвестираше најмногу во здравството

Media Press

Published

на

И покрај пандемијата со Ковид – 19 Владата во изминатиот период инвестираше најмногу во здравството,  рече пратеникот  и претстедател на  ОО на СДСМ  од Радовиш Коле Чаракчиев, на денешната прес конференција. Тој спомна дел од мерките кои ги реалзира владата во

„Владата инвестираше како во човечки капитал така и во ресурси , инфраструктура и опрема, Специјализации заклучно со 2022 година ке добијат некаде околу 930 лица, во исто време е зголемена капитацијата на матичните лекари“, рече меѓудругото Чаракчиев.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во предизвикан пожар делумно изгореле викенд куќа и помошен објект во близина на река Сушица во Радовиш

Media Press

Published

на

Вчера околу 20.00 часот во Полициската станица Радовиш, Б.К.(36) од Радовиш пријавил дека настанал пожар во викенд куќа, сопственост на В.Б. лоцирана во близина на река Сушица, атар на Радовиш, во кој делумно изгореле викенд куќата и помошен објект.

По интервенција на екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.

Прочитај повеќе