Connect with us

Радовиш

Паричните средства како подарок за панзионирање, тројцата директори на рудникот Бучим ги донираа на ДЦ Порака во Радовиш

Media Press

Published

на

Заменик генералниот директор на Рудникот Бучим Николајчо Николов, кој заминува во пензија и своето пензионриање го одбележа со хуман гест.

Перичните средства кои беа подарени од деловните партнери по повод заминувањето во пензија на тројцата директори на Бучим, Николајчо Николов, Василиј Боруцки и Илија Филипов,  денеска беа донирани на дневниот центар Порака.

Донирани се вкупно 74 илјади денари подарени од срце како што вели Николов, дел лично на корисниците а дел за дневниот центар. Тој со чувства и со емоции зборуваше за своите пријатели од дневниот центар Порака, за кој вели дека нема да ги заборави и дека следниот роденден повторно ќе го прослави заедно со нив.

Од дневниот центар Порака изненадени од ваквиот гест на директорот Николов, кој сите убави моменти ги споделува со нив а сега и пензионирањето.   Средствата како што рече дипломираниот социјален работник Тања Костадинова ќе бидат наменети за нешто практично, што ќе остави личен печат и сеќавање на нивниот драг пријател Никлајчо Николов.

 По тој повод претседателката на Порака Виолета Србакова, на Николајчо  Николов му  подари плакета од дневниот центар Порака во знак на благодарност, посакувајќи му среќно пензионирање.

Радовиш

Денеска се одржа конститутивната седница на Локалното собрание на млади на Општина Радовиш

Media Press

Published

на

Денеска се одржа конститутивната седница на Локалното собрание на млади на Општина Радовиш, на кое беше избран претседател на Локалното собрание, по што ќе следува основање  на Совет на млади како советодавно тело на општината.

Градоначалникот Герасим Конзулов им посака успех во работа со искрена желба да бидат носители на младинскиот активизам и прогресот во општината.

„Верувам дека Локалниот младинскиот совет ќе предлага иницијативи и ќе нуди креативни решенија за проблемите кои ги засегаат младите луѓе и граѓани.

За секое прашање, иницијатива или идеја со која се унапредува нашата заедница ја имате мојата поддршка“ рече Конзулов.

Игор Чапов вработен во општина Радовиш го појасни самиот процес на формирање на локалното собрание, од објавувањето на јавниот повик до денеска.

Службеникот за млади Душан Хаџи-Васлев појасни која е целта за формирање на Локалниот младински совет.

За претседател на собранието беше избрана Маја Ужевска, по што беше одржана и првата седница на Локалното собрание на млади. За седницата беа предвидени две точки на дневниот ред; Предлог Деловник за работа на Локалното собрание на млади и распишување на јавен повик за формирање на Локален младински совет.

Прочитај повеќе

Радовиш

Заврши петтата по ред образовна програма на Creative Fellowship 2021, победникот е од Македонија

Media Press

Published

на

Заврши петтата по ред образовна програма на  Creative Fellowship (Криејтив Фелоушип). Оваа година, се бираше само еден победник од сите три држави – Македонија, Украина и Гватемала. Овогодишниот победник е Глорија Велкова од Македонија, која што во август ќе замине на еднонеделно бесплатно патување во Салцбург. 

Заедно со Глорија и минатогодишните победници Драган Петров и Тамара Велкова ќе патуваат во Салцбург, на кои што поради ситуацијата со КОВИД-19 и ограничувањата за патувања, лани не им беше овозможено бесплатното патување во Салцбург.

Годинава, од Северна Македонија, во програмата учествуваа вкупно 16 учесници од Радовиш, Штип и Конче, од кои што 14 останаа до самиот крај на курсот и се здобија со сертификати за успешно завршен курс по англиски јазик и историја на уметност. На завршетокот од образовната програма, на сите 14 учесници во Creative Fellowship (Криејтив Фелоушип) 2021, им беше организирана еднодневна екскурзија во Скопје, на која што младите креативци имаа прилика да настапат на импозантната сцена на Македонскиот народен театар и да ѕирнат зад завесите на сцената. Ги разгледаа импозантните градби и споменици на културата и се запознаа со музејското и културно наследство на Република Македонија.

Новиот формат на програмата вклучуваше и часови по модерен танц, а танцувачките способности на учесниците во програмата беа премиерно прикажани на свеченото отворање на Салцбуршкиот фестивал на 18-ти јули.

Оценувајќи го талентот на учесниците, на покана од  Салцбуршкиот фестивал, ученичката Елена Наумова доби можност да биде дел од програмата на фестивалот за млади пејачи. Така да, годинава, од Северна Македонија, ќе патуваат 4 млади креативни таленти, кои што ќе имаат едно незаборавно искуство и можност да бидат дел од работилниците организирани од Салцбуршкиот фестивалот, во кои светски признати професионалци ќе им ја покажат оперската магија.

Покрај организираните активности, учесниците ќе имаат можност и за туристичко разгледување на Салцбург, како и дружење со Претседателот на УО на Солвеј, Дан Бронштејн и Претседателката на Салцбуршкиот фестивал,  д-р Хелга Рабл-Штадлер.

Прочитај повеќе

Радовиш

Жителите од село Ињево, радовишко, со средства од донации го градат локалниот пат до манастирот ,,Свети Арахангел Михаил“

Media Press

Published

на

Жителите од село Ињево, радовишко со сопствени средства и средства од донации го градат локалниот патот до манастирот  ,,Свети Арахангел Михаил”  кој се наоѓа на околу еден километар над селото Горно Ињево, во планинки предел.

Иницијативниот одбор на селото ја донел оваа одлука поради тешко проодниот пат до манастирот, а кој, како што велат е често посетуван од локалното население. Досега собраните средства веќе се искористени, па затоа тие апелираат до хуманите граѓани, до верниците и до иселениците во странство, да донираат со цел да можат патот да го тампонират.

 Еден од членовите на Иницијативниот одбор од Ињево, Ванчо Стојанов вели дека формирале и здружение, а наскоро ќе добијат и жиро- сметка на која ќе може да се донира. Тој се надева дека ќе има донации за да може патот да се дозаврши.

Стариот манастри Свети Архангел Михаил бил изграден во 1930 година, а од 1999 до 2001 година  на тоа место е изграден сосема нов манастир, вели дедо Коле Симеонов домаќинот на манастирот

Прослава на манастирот се прави на празникот Свети Архангел Михаил на 21 ноември, кога верниците  претходниот ден даруваат овци кои се колат за да се подготви ручек, а на денот на празникот се коли вол и тоа е традиција која се негува веќе долги години.

Како што вели домаќинот ова е голема традиција која се негува со години, а во органзиацијата се вклучуваат голем број грсѓани од селото.

 Иницијативниот одбор се надева дека со помош на донации од граѓани и од правни лица ќе успеат да го направат патото за да може да се патува до манастирот и со кола, бидејќи ова едно прекрасно место кое нуди спокој на душата, а од каде може да се види целата панорама на Ињево и на градот Радовиш.

Прочитај повеќе