Connect with us

Економија

За 3,5 денари ќе поскапат горивата со предложените измени за зголемување на еколошката такса

Media Press

Published

на

Владата вчерашната  82 седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на законот за животна средина.

Како што информираат од владината прес – служба со предложените измени се предвидува зголемување на еколошката такса, односно се предлага зголемување на давачката за увоз на нафтените деривати во земјата за 3,5 денари за моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати.

„Основната цел поради која се предлагаат овие измени и дополнувања се доуредување на делот за финансирање во животната средина, доследна примена на начелото „загадувачот плаќа“ и прибирање на потребните средства за преземање на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина“, појаснуваат од Влада.

Економија

Влада: Граѓаните да бидат спокојни, бидејќи не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи

Media Press

Published

на

 „Владата на Република Македонија и државните институции ја следат состојбата на дневна состојба во земјата и ги преземаат сите мерки за да се зачува стандардот на граѓаните“, информира портпаролите на Владата на вчерашната прес конференција.
 
„Граѓаните да бидат спокојни, бидејќи не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи. Како држава имаме задоволителна количина на прехранбени производи и нафтени деривати во стоковите резерви. Владата, во континуитет ги разгледува и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви, доколку има потреба од такво нешто“, беше речено на прес-конференцијата.
 
Вчерашната прес-конференција, портпаролите ја искористија да го повторат апелот до трговците да ја почитуваат владината одлука за трговските маржи, оценувајќи дека оваа одлука е во интерес на сите граѓани.

Прочитај повеќе

Економија

Донесена Одлука со која се определува највисоката трговска маржа на основните прехранбени производи

Media Press

Published

на

 Владата на вчерашната седница донесе Одлука со која се определува највисоката трговска маржа до 5% на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10% на продажната цена во трговија на мало како посебен услов во трговијата

„Оваа мерка се однесува на леб; шеќер;сол;брашно – тип 400; сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо и сувомеснати производи; сирење и урда; ориз; јајца;тестенини; пченица; и овошје и зеленчук“ соопшти министерот за економија Крешник Бектеши  на прес-конференција.

„Со оглед на информациите и анализите на терен дека трошоците на производителите на основни прехранбени производи растат, оваа одлука има за цел да се ограничат тровците да прават профит на грбот на граѓаните и на производителлите. Со оваа одлука се контролира растот на цените на основните прехранбени производи  да нема значајно влијание врз потрошувачката на граѓаните со оглед на тоа што од 1 март престанува да важи одлуката за највиски (замрзнати) цени на основните прехранбени производи„ кажа министерот Бектеши

Министерот додаде дека кај трговците на мало во вкупниот износ на трговската маржа до 10% се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за примарни и секундарни позиции за изложување на стоките на рафтови односно полици.

„Оваа Одлука ќе се применува од 1 март 2022 година до 31 мај 2022 година, заради потребата да се органичи растот на цените во следните три месеци. Доколку трговците не се придржуваат до оваа одлука следуваат и глоби

„Глоба во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговец, глоба во износ од 1.600 до 2.000 евра во денарска противвредност за мал трговец, глоба во износ од 3.000 до 6000 евра во денарска противвредност за среден трговец,глоба во износ од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем трговец“ кажа министерот.

Тој потенцираше дека во наредниот период Државниот пазарен инспекторат ќе излезе на терен со засилени контроли кај трговците, а граѓаните кои ќе утврдат драстично зголемени цени на основните прехранбени производи да пријават на бесплатниот телефонски број на ДПИ 191

Прочитај повеќе

Економија

Од денеска повисоки цени на горивата

Media Press

Published

на

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84 % во однос на одлуката од пред една недела.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, еуродизел  (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 2,00 денари/литар.

Од 25 јануари на полноќ, максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС–95 78,50 (денари/литар)

Моторен бензин еуросупер БС–98 80,50 (денари/литар)

Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,00 (денари/литар)

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 1,386 денар/килограм и сега изнесува 44,213 ден/кг.

Прочитај повеќе