Македонија
Продолжува блокадата од Бугарија, иако Европската комисија уште пред две години препорача безусловно отворање на преговорите
Објавено на
Од
Media Press
Бугарија уште еднаш стави блокада на усвојувањето на преговарачката рамка за отпочнување на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ на Советот за општи работи на Унијата што се одржа вчера во Луксембург. Уште една теоретска можност за старт на преговорите во јуни е Самитот на лидерите на ЕУ во четврток и петок.
Од бугарското МНР соопштија дека ветото за Македонија останува сè додека не бидат исполнети нивните услови, иако Европската комисија уште пред две години препорача безусловно отворање на преговорите.
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, порача дека „не креваме раце и оти правиме се што можеме во рамки на едно европско достоинствено решение“. Според него, влогот е огромен и сега крупното прашање е дали ние на Балканот можеме да веруваме на зборовите на ЕУ.
Поврзани содржини

УКРАИНА, НЕ СЕ НАДЕВАЈТЕ: Европа повеќе нема да дава лажни ветувања!

ОМД: Членство во Европската Унија по секоја цена не е успех туку огромен пораз за оваа влада

Ковачевски: По 17 години чекање ги отвораме преговорите со ЕУ со заштитен македонски јазик. ВМРО -ДПМНЕ: Македонија не почнува преговори, се е фарса на СДСМ и ДУИ

Во периодот од 13 до 14 часот патот Струмица-Радовиш беше блокиран

Бугарија го потврди ветото, според Владата изневерeни се европските вредности и очекувањата на македонските граѓани

Министрите за надворешни работи на ЕУ на состанок за отпочнување пристапни преговори за Македонија

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

