Connect with us

Радовиш

Екипи од ЈП „Плаваја“ денеска работат на терен да ги санираат штетите од невремето

Media Press

Published

на

„После силното невреме проследено со обилни врнежи од дожд и силен ветар, кое го зафати поширокото подрачје на Радовиш откорнати се повеќе дрвја, искршени се гранки и се случија повеќе запушувања на решетките за атмосферска вода.

Вработените на ЈП„Плаваја“ Радовиш започнаа со расчистување на последиците веднаш по престанокот на невремето со цел да овозможат одвивање на сообраќајот и пристап до објектите“ велат од ЈП Плаваја.

Во текот на денешниот ден вработените од Плаваја продолжија со санација  на последици од невремето.

Инаку пред неколку месеци Општина Радовиш спроведе акција за кастрење и отстранување на стари и ризични дрвја кои при вакво невреме предизвикуваат штети. Тогаш некои од граѓаните беа против ваквата акција и велеа дека не треба да се сечат дрвјата, но после синоќашното невреме се покажа како оправдана таквата акција. Но и се дојде до заклучок дека дрвјата треба редовно да се кастрат и одржуваат за де не предизвикуваат штети при поголемо невреме.  

Радовиш

Анкета: Дали радовишани ќе прават ајвар годинава?

Media Press

Published

на

Сезона на правење ајвар. Традицијата продолжува иако пиперките  оваа година имаат „солени“ цени. Сепак математиката покажува дека домашниот ајвар останува поисплатлив од купечкиот. Една тегла направена дома чини од 70 до 80 денари, а купена во продавница од 130  до 250 денари.  Во оваа пресметка не се зема предвид маката односно трудот, бидејќи во неговата подготовка се вклучува целото семејство. Ајварот во Радовиш се смета за посебен специјалитет и се прави на традиционален начин.

Сепак, традицијата на правење ајвар полека се напушта. Се помалку домаќинки се нафаќаат на мачната процедура – печење, лупење, мелење, пржење на пиперките. Најголем дел од семејствата  веќе не прават ајвар бидејќи децата не им се овде и се иселени во странство.

Помладите ќе направат, да ја запазат традицијата, но во помали количини. Рецептот е добро познат: пиперки, модри патлиџани, масло и сол.

Пиперките „ајварки“  секоја година  со  повисоки цени. Во моментов се продаваат од 25 до до 40 денари.  Земјоделците признаваат дека пиперките се со повисоки цени, но се правдаат дека годинава родот бил помал.

Пресметките покажуваат дека една тегла годинава ќе чини од 70 до 80 денари. До оваа сума се доаѓа кога се ќе собере.

Ако килограм пиперки чини во просек по 25 денари, а дозата е 50 килограми; само за главната состојка се потребни 1.250 денари. На оваа количина пиперки се потребни околу 20 модри патлиџани кои би чинеле 200 денари. За зејтин треба да се одвојат околу 400 денари колку што чинат 4 до 5 литри. Оттука вкупните трошоци достигнуваат околу 1.800 денари. Од 50 килограми пиперки во просек се добиваат околу 25 тегли ајвар, што значи дека една тегла ќе ве чини над 70 денари.

Прочитај повеќе

Радовиш

Се помалку мајстори на пазарот, а оние кои што останаа држат цена, како што велат граѓаните

Media Press

Published

на

За ситна работа мајстор не доаѓа а ако го договориш за некоја поголема работа ќе треба да почекаш најмалку две три недели. Од тие причини граѓаните се почесто сами си ги завршуваат своите мајсторски работи доколку се во можност.

Еден од таквите примери е и радовишанецот Јордан Јовчев, поранешен ракометар и тренер.  Тој сам си го оградува дворот. Побарал мајстори но не се нафатиле за ваква „пипава“ работа како што вели, а и многу пари побарале.

Се поставува прашањето дали веќе се соочуваме  со недостотак на мајстори занаетчии, ѕидари, молери, водоинсталатери , електричари и воопшто градежници. Дали работниците од овие дејности ни се иселуваат во странство за повисоки плати? Ке се доведиме ли во ситуација да нема кој чешма да ти замени или да ти отстрани некој електричен дефект? Во оваа насока треба да размислуваат надлежните, бидејќи младите се поретко ги избираат овие дејности како своја идна професија.

Прочитај повеќе

Радовиш

Од БК Бучим-Радовиш ќе бараат одговорност за немилион настан, во кој младиот борач беше избоден во нога на турнирот во Скопје

Media Press

Published

на

Млад борач од БК Бучим од Радовиш е нападнат и повреден на Mеѓународниот боречки турнир „Осми септември“ што во неделата се одржа во спортската сала во Радишани во Скопје, организиран од БК Вардар.

Цел на нападот бил 17 – годишниот Арон Николов, кој бил нападнат од неколку борачи од ривалски клубови и бил избоден во ногата, Од БК Бучим очекуваат брза реакција од полицијата и секако од Федерацијата за боречки спортови.

„Во еден момент на трибината во спортската сала каде што беа сместени нашите борачи и останатите борачи, се наруши јавниот ред и мир. Во истиот момент нашиот борач Арон Николов беше убоден со три убоди од остар предмет во пределот на бутниот мускул. По брза интервенција на претседателот на клубот, нашиот бореч беше однесен во ургентниот центар во Скопје каде му е укажан соодветен третман“, вели секретарот на БК Бучим- Радовиш Димитар Јованов.

Од БК Бучим се сомневаат дека нивниот борач е намерно повреден од конкурентските клубови со цел да се спречи борачот да учествува на балканските и медитеранските игри.

Како што рече секретарот на БК Бучим- Радовиш Димитар Јованов, ќе побараат одговорност и од федерацијата на борачи.

 „Арон беше еден од најдобрите наши борачи а овој случај ќе се одрази психички и врз останатите борачи, за што ќе органзираме предавње од психолог и лекар за да им се објасни на борачите дека ова не е нормално и не треба да се случува“, вели Јованов.

Настанот се случил при крајот на натпреварот кој бил одржан со редари без полиција, без амбулантно возило.  Повредените деца веднаш го напуштиле натпреварот, се повлекле во автобус. Тренерот на БК Бучим повикал полиција кога ги сместил децата на сигурно. Од МВР го потврдија случајот.

Прочитај повеќе