Connect with us

Конче

Изложба на метални скулптури на Миле Стефанов Карсон, инспириран од космосот и Македонија

Media Press

Published

на

Изложба на уметнички дела од Миле Стефанов Карсон викендот се одржа во  дворот на неговиот дом во село Лубница, Општина Конче, на која присуствувва голем број поканети гости уметници, роднини  и пријатели.   Изложбата беше организирана под покровителство на Општина Конче, а истата ја отвори градоначалникот Благој Илиев.  

На зодоволство на домаќинот на изложабата присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче кој беше воодушевен од делата на Карсон и од неговата техника на изработка.

„Космосот и Македонија се моја вечна инспирација“ вели Миле Стефанов Карсон, кој како што вели црпи инспирација од  Александар Македонски. Уметноста од секогаш му била во душата, но со ваков вид уметност се занимава од пред 15 години. Сака да црта на карпи, на ѕидови од стари куќи и на се што е погодно за да се нацрта некое дело.

Металните скулптури ги изработува од ладно железо во својата работилница, што е како што вели Карсон тежок и специфичен процес.

Избори 2021

Златко Ристов денеска на митинг во Габревци и Лубница

Media Press

Published

на

Кандидатот за градоначалник на Општина Конче од ВМРО -ДПМНЕ и коалицијата Златко Ристов ги повикува жителите од Општина Конче да присуствуваат денеска на  митинг во населените места с.Габревци 17.30 часот и с.Лубница 19.30 часот. Како што вели Ристов, во оваа прилика ќе ја образложи програмата пред присутните жители на населените места и што ќе направи за подобрување на условите за живеење.

Тој деновиве активно ги посетува населените места во општината и остварува средби со граѓани со цел одблиску да се запознае со нивните проблеми.  

Прочитај повеќе

Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на Конче Златко Ристов, во посета на населените места

Media Press

Published

на

Кандидатот за градоначалник на Конче од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата Златко Ристов, со посета на населените места и средби со граѓани, ја бара поддршката за претстојните локални избори.

„Денес бев во посета на моето родно Село Ракитец , во друштво со највозрасниот жител дедо Стојан -гајдаџијата, а и кај одгледувачот на природен мед Ванчо Ристов. Се разбира во посета и на село Габревци кај вредните земјоделци… Плодна е општина Конче !!!“ вели Ристов, кој притоа ги запознава жителите што тој нуди во својата програма.

Прочитај повеќе

Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на Општина Конче Благој Илиев, денеска ќе ја претстави програмата во Дедино

Media Press

Published

на

кандидатот за градоначалник на Општина Конче од СДСМ и коалицијата Благој Илиев, денеска во село Дедино, ќе го одбележи празникот 11 Октомври, но заедно со Оливер Спасовски, ќе ја претстави и програма „Најдоброто за мојата општина“  со како што вели Илиев,  најмногу проекти.  

Илиев вели дека во  изминатиот период, во општина Конче заедно со неговиот тим направиле пресврт кон подобро.

Работевме посветено и одговорно. Заборавената и изолирана општина, во која негрижата се провлекувала со децении, стана успешна, препознаена и потврдена.

Селата се почисти и уредени, а улиците асфалтирани и осветлени. За првпат во нашата општина изградивме спортска сала и отворивме детска градинка. Учениците имаат подобри услови за учење и пристоен превоз. Општината помагаше и создаваше можности за вработување“, вели Илиев

Тој додава дека имат  план и проекти за развој на општината и во наредниот период.

Прочитај повеќе