Connect with us

Конче

Следната недела се очекуваат 600 илјади вакцини, по што повторно започнува масовната вакцинација

Media Press

Published

на

Околу 600 илјади вакцини ќе пристигнат во државата следната недела со што повторно ќе започне масовната вакцинација на сите пунктови. Ова  го истакна министерот за здравство Венко Филипче во интервју за телевизија Кобра, при вчерашната  неофицијална посета на Општина Конче, при што оствари средба со градоначалникот Благој Илиев.

Министерот Филипче  заедно со градоначалникот Благој Илиев ги посети селата Конче, Лубница и Дедино, каде што се сретна и разговараше со локалните жители. Тој најави дека од летниот период во овој регион ќе профункционираат мобилни сервиси за мамографија и гинеколошки прегледи.  

прикажи повеќе
Advertisement

Избори 2021

Златко Ристов денеска на митинг во Габревци и Лубница

Media Press

Published

на

Кандидатот за градоначалник на Општина Конче од ВМРО -ДПМНЕ и коалицијата Златко Ристов ги повикува жителите од Општина Конче да присуствуваат денеска на  митинг во населените места с.Габревци 17.30 часот и с.Лубница 19.30 часот. Како што вели Ристов, во оваа прилика ќе ја образложи програмата пред присутните жители на населените места и што ќе направи за подобрување на условите за живеење.

Тој деновиве активно ги посетува населените места во општината и остварува средби со граѓани со цел одблиску да се запознае со нивните проблеми.  

Прочитај повеќе

Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на Конче Златко Ристов, во посета на населените места

Media Press

Published

на

Кандидатот за градоначалник на Конче од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата Златко Ристов, со посета на населените места и средби со граѓани, ја бара поддршката за претстојните локални избори.

„Денес бев во посета на моето родно Село Ракитец , во друштво со највозрасниот жител дедо Стојан -гајдаџијата, а и кај одгледувачот на природен мед Ванчо Ристов. Се разбира во посета и на село Габревци кај вредните земјоделци… Плодна е општина Конче !!!“ вели Ристов, кој притоа ги запознава жителите што тој нуди во својата програма.

Прочитај повеќе

Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на Општина Конче Благој Илиев, денеска ќе ја претстави програмата во Дедино

Media Press

Published

на

кандидатот за градоначалник на Општина Конче од СДСМ и коалицијата Благој Илиев, денеска во село Дедино, ќе го одбележи празникот 11 Октомври, но заедно со Оливер Спасовски, ќе ја претстави и програма „Најдоброто за мојата општина“  со како што вели Илиев,  најмногу проекти.  

Илиев вели дека во  изминатиот период, во општина Конче заедно со неговиот тим направиле пресврт кон подобро.

Работевме посветено и одговорно. Заборавената и изолирана општина, во која негрижата се провлекувала со децении, стана успешна, препознаена и потврдена.

Селата се почисти и уредени, а улиците асфалтирани и осветлени. За првпат во нашата општина изградивме спортска сала и отворивме детска градинка. Учениците имаат подобри услови за учење и пристоен превоз. Општината помагаше и создаваше можности за вработување“, вели Илиев

Тој додава дека имат  план и проекти за развој на општината и во наредниот период.

Прочитај повеќе