Connect with us

Радовиш

Активно се работи на изградбата на новиот детски парк позади Основниот суд во Радовиш

Media Press

Published

на

Активно се работи на новиот детски парк кој се гради на просторот позади Основниот суд во Радовиш.  Паркот се гради со средства од донација од Тирската агенција за соработка и координација ТИКА, која за таа цел има одобрено 40 илјади евра.

Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов на последната седница на Совет појасни што се ќе опфати овој детски парк  и дека ќе го добие името Тошко Кукутанов.

 

Радовиш

Приведени неколку лица во Полициска станица Радовиш, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка

Media Press

Published

на

Утринава околу 06.00 часот во Полициската станица Радовиш биле приведени Д.Ј., М.Ј. и С.П., сите од Радовиш. На 05.08.2022 во 06.00 часот на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Ј., М.Ј. и С.П. од една страна и П.В. и Р.Т. од друга страна, сите од Радовиш. Д.Ј. и С.П. биле задржани во Полициската станица, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информира СВР Струмица, Полициска станица Радовиш.

Утринава било приведено уште едно лице во раните утрински часови. Имено во 04.50 часот во Полициската станица Радовиш бил приведен Ф.Ј.(20) од Радовиш затоа што на улица „Илија Алексов“ во Радовиш агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле работни задачи. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Радовиш

Оливер Промет Радовиш

Media Press

Published

на

Оливер Промет – РадовишСиноним за најквалитетни столици и маси изработени од професионални мајстори. Голем избор на материјали и бои за сите вкусови, висок квалитет и достапни цени само во Оливер Промет – Радовиш.Посетете не на излезот од градот во населба Раклиш и уверете се во богатиот асортиман што го нудиме.

Прочитај повеќе

Радовиш

Известување од Здружението МОБИЛНОСТ РАДОВИШ

Media Press

Published

на

MЕЃУОПШТИНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА ТЕЛЕСНО ИНВАЛИДИЗИРАНИ ЛИЦА НА ОПШТИНИТЕ РАДОВИШ И КОНЧЕ  МОБИЛНОСТ РАДОВИШ  Радовиш, ГИ ИЗВЕСТУВА СВОИТЕ ЧЛЕНОВИ КОИ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ  НА  ОДМОР И  ОПОРАВОК ВО АПАРТМАНИТЕ ВО ОХРИД  ЗА СЕЗОНАТА 2022 ГОД.  СВОИТЕ МОЛБИ ЌЕ МОЖАТ ДА ГИ ДОСТАВАТ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО  од  15.04 – 30.04.2022 год.

ЗА  КОРИСНИЦИТЕ НА СОЦИЈАЛНА ПОМОШ КЕ СЕ ИСПЛАКА НАДОМЕСТ ЗА ХРАНАРИНА , НО ПРИТОА СО ДОСТАВЕНАТА МОЛБА, ПОДНОСИТЕЛОТ ТРЕБА ДА ДОСТАВИ И ПОТВРДА ОД ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ДЕКА Е КОРИСНИК НА СОЦИЈАЛНА ПОМОШ.

СМЕНАТА  ЗА КОРИСТЕЊЕ  НА  АПАРТМАНИТЕ  ЗА ОДМОР И  ОПОРАВОК  ВО ОХРИД,  ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА  МОБИЛНОСТ  РАДОВИШ  Е  ОД   21.09 до  29.09.2022 година, стои во соопштението од Меѓуопштинското здружение на телесно инвалидизирани лица на Општините Радовиш и Конче Мобилност Радовиш.

Просториите на здружението се отворени во ПОНЕДЕЛНИК, СРЕДА И ПЕТОК од 10 –  13 ч. 

Прочитај повеќе