Connect with us

Радовиш

Втор ден уписи во средните училишта во земјава

Media Press

Published

на

.Во СОУ Коста Сусинов во Радовиш задоволни од бројот на пријавени ученици. Денеска до пладне се пријавиле околу 65 ученици а до крајот на работниот ден, очекуваат дека овој број ќе се зголеми.

Запишување на средношколци ќе се врши и наредните два дена. Според директорот на училиштето Гоце Лазаров и во текот на вчерашниот ден се пријавиле околу 50 ученици. СОУ Коста Сусинов во Радовиш има одлични услови за работа и има капацитет за запишување на околу 300 ученици, кои ќе бидат распределени во девет паралаеки. Тој ги повикува идните средношколци да го одберат токму нивното училиште.

Потребните докумети за запишување во средно образование се свидетелства од 5 до 9-до одделение, извод кој немора да биде нов и пријава која учениците ја добираат во училиште.

Радовиш

,,РАДОВИШАНКИ ЕТНО,, најдобри во автентичен фолклор на Меѓународниот фолклорен фестивал ,,ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ,,-Битола 2022

Media Press

Published

на

ЖФГ „Радовишанки етно“ беа дел од 52 издание на Фестивалот ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ во Битола, кој годинава започна на 18 јули и се одржуваше  до 30 јули, под мотото „Од корените до цветот”.

ПРВО МЕСТО за најуспешна група која презентираше традиционална музика и игра беше доделена на  ЖФГ „Радовишанки етно” од Радовиш, што беше највисока награда на Меѓународниот фолклорен фестивал ,, ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ,,-БИТОЛА 2022, од страна на стручното жири во кое членуваа д-р Владимир Јаневски, д-р Родна Величковска, д-р Мирјана Мирчевска, д-р Беким Рамадани и м-р Христијан Николовски

52-то издание на ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ заврши со доделување на награди за најдобрите македонски културно уметнички друштва и со интернационална вечер што ја приредија гости од Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија и Полска, во Битола заврши 52 издание на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови”.

 Награда за најуспешна група која презентираше староградска музика и игра доби КУД „Далги” од Охрид, оркестарот на фолклорниот ансамбл „Китка” од Истибање доби награда за најуспешен изворен состав, вокалната солистка Дијана Анастасовска членка на КУД „Илинден”-Битола е прогласена за најдобра вокалистика, додека КУД „Илинден” од Струга се наградени за ансамбл кој презентира најуспешна и најкомплетна изворна носија.

52 -то издание на фестивалот кој го слави фолклорот и традицијата траеше 12 фестивалски ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ во оваа 2022 година.

Вкупно беа одржани 61 настан кои понудија неверојатната програма во која имаше концерти, изложби, промоции на книги, филмски проекции, перформанси, работилници за деца, стручни конференции …

Вкупно имаше 1.300 учесници и гости од 7 земји учеснички. Беа поставени 3 паралелни сцени и целиот град беше претворен во отворена сцена за настап.

Фестивалот ќе остане запаметен по огромна бројка на млада публика, нешто што било реткост на овој стар Фестивал.

Мотото на фестивалот е оправдано • Од коренот до цветот• потврдуваат од Центарот за култура, Битола.

Прочитај повеќе

Радовиш

ЈП Плаваја, Радовиш: ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО ЗОНСКОТО ПАРКИРАЊЕ

Media Press

Published

на

ЈП Плаваја Радовиш пред официјалното започување на зонското паркирање во градот се соочуваат со проблеми околу оштетување на поставените тебли и сообраќајна сигнализација на улиците кои се обележани за зонско паркирање. Граѓаните од различни причини негодуваат на овој проект и тоа го искажуваат со уништување на таблите.

Од тие причини ЈП Плаваја излезе со известување до граѓаните во кое се вели:

„Во согласност со одлуките на Советот на општина Радовиш и одобрениот сообраќаен проект, ЈП”Плаваја” во рамките на своите надлежности меѓу кои спаѓаат и јавните паркиралишта во согласност со Законот за комуналните дејности, формира организациона структура на ниво на Одделение за јавни паркинзи кое ќе ги спроведува одлуките и правилниците во врска со начинот на користење и паркирање на јавните паркинзи во Радовиш, усвоени од страна на Советот на општина Радовиш на предлог на Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов.

Во соработка и постојана комуникација со Градоначалникот и општинската администрација, во изминатиот период направена е хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на локациите на кои е планирано зонското паркирање.

Во последните денови се поставуваат и информативните табли за начинот на паркирање (кои патем веќе ги оштетувате, вртите и на разни начини ја искажувате својата “креативност” во уништување на таблите, нешто што е обврска на општината и нејзините јавни претпријатија да го уредуваат јавниот простор, а на Вас кои сте над законот тоа ништо не Ви значи).

Поставувањето на информативните табли не значи и почеток на зонското паркирање туку подготовка за негово започнување.Сите правни и технички работи се во завршна фаза и Вие како крајни корисници ќе бидете навреме информирани за официјалниот почеток на зонското паркирање. Дотогаш Ве замолуваме да не ширите дезинформации и да не подлегнувате на улични муабети во врска со зонското паркирање. Единствена цел на зонското паркирање е решавање на сообраќајниот хаос и сообраќајната некултура кои за жал постојат во нашиот град и општина и најважно од се да не ја уништувате вертикалната сигнализација бидејќи нанесувате само штета, на таа локација ќе се постави нова табла или нов сообраќаен знак.

Ниту еднаш намерата ниту пак целта не била и не е богатење на грб на граѓаните или остварување на приходи, приходите и расходите се јавни и секогаш достапни преку објавување на финансиските извештаи на нашата интернет страница. Време е да покажеме дека имаме општествен и културен капацитет и како цивилизирани жители на оваа општина да започнеме да се однесуваме како што доликува и кон прописите и кон урбаната средина“, стои во известувањето и реакција од ЈП Плаваја во врска со актуелниот проект „Зонско паркирање“ кој предизвика различни реакции кај граѓаните.

Инаку пред неколку дена на последната седница на Совет, советниците го изгласаа ценовникот за паркирање и според него ќе се плаќа по 30 денари од час во прва зона и по 20 денари од час за втора паркинг зона. Граѓаните кои што немаат услови за сопствен паркинг ќе плаќаат по 300 денари месечно или по 3.600 денари годишно и ќе имаат право да се паркираат било каде на улицата на која што живеат, каде ќе има слободно место. Доколку имате и второ возило за него ќе платите 500 денари месечно или 6.000 денари годишно. А за резервирање на паркинг пред вашиот дом или деловен објект тоа ќе ве чини 40.000 денари годишно.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во предвечерието на 2 Август Илинден, положено свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Паркот на младите во Радовиш

Media Press

Published

на

Со положување на свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Паркот на младите во Радовиш, одбележан големиот национален празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.

Со положување на свежо цвеке беа одбележани 119 години од почетокот на Илинденското востание и 78 години од Првото заседание на АСНОМ.

Свежо цвеќе положија делегација на Општина Радовиш, делегација од Советот на Општина Радовиш, пратеникот во Собранието на Република Македонија од Радовиш Здравко Трајанов,  делегација на сојузот на борците, делегација на Здружението на пензионери од Радовиш и Конче и делегации на  ОК на ВМРО ДПМНЕ и делегација на ОО на СДСМ од Радовиш.

На 2 август 1944 година во Манстирот Прохор Пчински кај Куманово се одржа првото Антифашистичко собрание на НОБ на Македонија и на овој ден се удрени темелите на денешната држава Република Македонија.

Прочитај повеќе