Connect with us

Македонија

Од денеска од 12 часот почнува запишувањето во средните училишта

Media Press

Published

на

Запишувањето во прва година средно образование во учебната 2021/2022 година почнува денеска од 12 часот и ќе трае во наредните три дена.

Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, во јавните средни училишта слободни се 30 053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта.

Во СОУ Коста Сусинов во Радови предвидено да се запишат 300 ученици кои ќе бидат распределени во 9 паралелки.

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши согласно распореди подготвени од училиштата. Во јунскиот уписен рок има три пријавувања и запишувања – првото е на 14 јуни од 12 до 19 часот, на 15 и 16 јуни училиштата ќе примаат пријави од 7 до 19 часот и на 17 јуни – од 7 до 15 часот.

Македонија

Министерството за здравство со препораки до граѓаните за заштита од високите температури

Media Press

Published

на

Министерството за здравство потсетува дека населението во целиот летен период потребно е да ги почитува општите мерки за заштита на здравјето, а посебно во овој период на високи темепратури. За намалување на ризиците од високите температури за лицата кои се наоѓаат на отворен простор, дома, на своите работни места, покрај езерата, реките и базените или на планините, потребно е да се пчитуваат мерките:

1. Во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред сé климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

2. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.

3. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.

4. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

5. При влегување во возило, потребно е истото тоа одреден период да се проветри.

6. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

            Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, препораките се:

1. Задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба.

2. Термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиус, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени Целзиус.

3. Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.

             Од МЗ информираат дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број на лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури.

              Исто така, по потреба и на дневна основа, Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици, посебно за најранливата категорија на граѓани во деновите кои доаѓаат.

Прочитај повеќе

Македонија

Македонија влегува во портокалова фаза, сите активности на отворено да се запрат од 11 до 17 часот

Media Press

Published

на

Следните пет дена целата територија на Република Македонија ќе биде зафатена од високи температури од 29 јули до 1 август. Односно земјава ќе биде во портокалова фаза, поради што Владата донесе дополнителни препораките за заштита на граѓаните.

1.Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.

4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

      Согласно добиените информации Владата ги донеал следниве одлуки:

1. Државните органи и јавните претпријатија и установи, да ги почитуваат препораките.

2. Во исто време, Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел за заштита од директна сончева изложеност на работниците, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

3. Владата одлучи оваа мерка да биде со времетраење од 4 дена, до понатамошно одлучување. Владата и надлежните органи будно ја следат состојбата и доколку има потреба ќе бидат преземени мерки согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови, врз населението во Република Македонија.

4. Истовремено, работното време градинките треба да го организираат во периодот од 7 до 17 часот. Градинките не треба да практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено после 11 часот.

5. Владата зазема став сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници.

Прочитај повеќе

Македонија

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле по заразување со коронавирусот

Media Press

Published

на

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле по заразување со коронавирусот, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Ова, додаде тој, значи дека процентот на заболени лица кои се ревакцинирани е многу мал односно изнесува 0,02 проценти, што според Филипче е уште еден доказ за тоа колку е корисна вакцината.

Според министерот, денеска ќе биде надмината бројката од 500.000 вакцинирани со најмалку една доза, од кои над 330.000 се ревакцинирани.

„Очекуваме до крајот на август сите 500.000 да бидат ревакцинирани“, рече Филипче.

Тој апелираше до сите граѓани дека вакцината е единствениот начин да се смени сликата за пандемијата.

Како што кажа во продолжение, засега не се планирани нови рестриктивни мерки. Се размислува дали да се направи нешто од септември или почетокот на октомври.

Прочитај повеќе