Connect with us

Радовиш

Обновени фасадите на три згради за колективно домување во Радовиш

Media Press

Published

на

Општина Радовиш го заврши проектот за обнова на фасадите на неколку станбени згради кои подолго време не беа обно9вени и го нарушуваа изгледот на централното градско подрачје.

Пред околу два месеци беше обновена зградата во паркот на младите, потоа зградата на Пензионерскиот дом и последната зграда  на булеварот на раскрсницата за влез во Радовиш.

„Со обновата на последната фасада се комплетира програмата за обнова на фасадите на три згради за колективно домување“, вели градоначалникот Герасим Конзулов кој најавува и други проекти за реализација.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Потпишан кодекс на фер и демократски избори од кандидатите за градоначалници на Општина Радовиш

Media Press

Published

на

На денешниот настан организиран од Општинската изборна комисија на Радовиш, кандидатите за градоначалници на Општина Радовиш потпишаа Кодекс на фер и демократски избори.

Кодексот за фер и демократски избори го потпишаа тројца кандидати за градоначалник, Ацо Ристов кандидат од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Коле Чаракчиев-кандидат од СДСМ и коалицијата, и Герасим Конзулов-кандидат од коалицијата ДОМ и ЛДП кои воедно си посакаа мирни и успешни избори.

Независниот кандидат за градоначалник, Горан Поцев не го потпиша овој Кодекс и истакна „Денес не го потпишав Кодексот за фер и демократски избори, бидејќи не сакам да бидам дел од оваа игра на кандидатите за градоначалник и политичките партии која трае веќе 30 години. Имено потпишуваат нешто до кое не се придржуваат.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во рамките на Карамановата летна сцена во Паркот на младите во Радовиш се одржа концерт “НОСТАЛГИЈА”

Media Press

Published

на

Во рамките на Карамановата летна сцена синоќа во паркот на младите во Радовиш се одржа концерт на Викторија Коцева и Тоше Поп Лазаров, млади надежни музичари од Радовиш. Настанот беше насловен „Носталгија“ и самиот предизвика вистинска носталгија кај радовишани, како кон музиката така и кон самиот Парк на млади.

Во Паркот на младите во Радовиш со години се нема одржано никаков настан и освен положување на цвеќе на спомен обележјата не се случуваше речиси ништо и затоа беше малку подзаборавен од радовишани.  Синоќашниот настан во организација на Центарот за култура „Ацо Караманов“ предизвика вистинско освежување, но и носталгија за едни дамнешни времиња.

Настанот се одржа според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести, велат организаторите.

Прочитај повеќе

Радовиш

Гулабите се дел од неговиот живот и со нив се дружи откако знае за себе

Media Press

Published

на

Гулабите се дел од неговиот живот.  Со нив се дружи откако знае за себе и едноставно не може да замисли каков би му бил животот  доколку  не е така. Радовишанецот Иле Чанчалов е само еден  од оние пасионирани љубители на овие птици кои без условно голем дел од времето го посветуваат на нив.

Иле вели дека едноставно ужива во држењето со гулабите, ги чува од љубов и затоа знае да каже дека гулабари има многу, а одгледувачи малку.  Моментално има околу 80 гулаби на кои дневно им посветува по неколку часа.

Љубовта кон нив е поголема од трудот што се вложува. За се да биде во ред треба и време, труд,  но и пари , но вели Иле,  кога ќе седнете покрај нив едноставно заборавате на се. Гулабарствово не е само хоби, туку и еден вид спорт.

Прочитај повеќе