Connect with us

Радовиш

Креативна работилница на манастирот Свети Ѓеорги во Ораовица „Младите креатори на нашата иднина“ организирана од здружението на децата бегалци

Media Press

Published

на

Здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија реализира проект  „Младите креатори на нашата иднина“ во чии рамки вчера се одржа креативна работилница на манастирот Свети Ѓеорги во Ораовица

Во истата беа вклучлени ученици од основните училишта во Општина Радовиш од 5-то до 9-то одделение. Една од темите кои се обработуваат во овој проект е и Егејска Македонија и Татковината копнеж на прогонетите, вели Милена Николовска Генерален секретар на републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Тга за југ“.

Во рамките на проектот учениците ќе имаат организирано и седумдневно кампување во Охрид, каде ќе имаат можност да се дружат со останатите учесници од други општини.

Проектот е под покровителство и поддршка од  Општина Радовиш и  градоначалникот Герасим Конзулов заедно со Советот. За дополнителен стимул градоначалникот Конзулов на најдобрите ќе им подари теблет.

Проектот се реализира  во соработка со здружението на децата бегалци и нивните потомци од Радовиш кое од пред една година има нов претседател Љупче Бехлимов.

Еден од менторите на овој проект е и нашиот естраден уметник Јордан Митев кој како што рече со задовоство ја прифатил поканата и да биде ментор на учениците кои се дел од музичката група.

Радовиш

Откриена група крадци од Радовиш кои извршиле девет кривични дела

Media Press

Published

на

 Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против три полнолетни лица од Радовиш и едно известување за две малолетни лица од Штип, кои престојувале во Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека во текот на месеците мај, јуни и јули 2021 година, извршиле девет кривични дела на подрачјата на Радовиш.


Петте лица се сомничат дека сториле шест кривични дела „тешка кражба “ и 3 кривични дела „тешка кражба во обид“ во објекти сопственост на  физички и правни лица, лоцирани во  Радовиш и на планината Плачковица.
Со сторените дела осомничените се стекнале со противправна имотна корист од околу 301.550 денари.

Прочитај повеќе

Радовиш

Чаракчиев: И покрај пандемијата со Ковид – 19, Владата во изминатиот период инвестираше најмногу во здравството

Media Press

Published

на

И покрај пандемијата со Ковид – 19 Владата во изминатиот период инвестираше најмногу во здравството,  рече пратеникот  и претстедател на  ОО на СДСМ  од Радовиш Коле Чаракчиев, на денешната прес конференција. Тој спомна дел од мерките кои ги реалзира владата во

„Владата инвестираше како во човечки капитал така и во ресурси , инфраструктура и опрема, Специјализации заклучно со 2022 година ке добијат некаде околу 930 лица, во исто време е зголемена капитацијата на матичните лекари“, рече меѓудругото Чаракчиев.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во предизвикан пожар делумно изгореле викенд куќа и помошен објект во близина на река Сушица во Радовиш

Media Press

Published

на

Вчера околу 20.00 часот во Полициската станица Радовиш, Б.К.(36) од Радовиш пријавил дека настанал пожар во викенд куќа, сопственост на В.Б. лоцирана во близина на река Сушица, атар на Радовиш, во кој делумно изгореле викенд куќата и помошен објект.

По интервенција на екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.

Прочитај повеќе