Радовиш
Околу 120 матуранти во СОУ Коста Сусинов во Радовиш, денеска го полагаа вториот екстерен испит од државната матура
Published
3 години agoна
By
Media PressОколу 120 матуранти во СОУ Коста Сусинов во Радовиш, денеска го полагаа вториот екстерен испит од државната матура кој е изборен меѓу предметите математика и странски јазик. Матурантите кои навреме пристигнаа во училиштниот двор, подготвени за полагање на денешниот испит, но и определени каде ќе го продолжат своето образование.
Првиот, задолжителен испит по мајчин јазик (македонски/албански/турски јазик и литература) матурантите го полагаа во саботата. Според директорот на училиштето Гоце Лазаров, тие се подготвени и очекуваат успешно да заврши и денешното полагање како и претходниот пат. Резултатит од полагањето ќе бидат објвени после еден месец.
Поврзани содржини
Доделени дипломите на околу 140 матуранти во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш, прогласен и ученик на генерацијата
Има интерес кај учениците за упис во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш, се пријавиле околу 130 ученици
ОТВОРЕН ДЕН во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш, за 9-тоодделенците, идни средношколци
Награда за иновативен проект „Електричен велосипед“ доби тимот од ученици од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш
МОН го објави конкурсот, во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш, во прва година ќе се запишат 288 ученици
Реконструирана спортската сала во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш, за прв пат од изградбата на училиштето
Радовиш
Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш
Published
21 час agoна
март 27, 2024By
Media PressГрадоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.
„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.
Радовиш
Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш
Published
1 ден agoна
март 27, 2024By
Media PressБидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.
Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.
Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.
Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.
Радовиш
На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината
Published
3 дена agoна
март 25, 2024By
Media PressНа 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.