Connect with us

Радовиш

Пријателски натпревар во фудбал во Спортскиот центар Азури во Радовиш

Media Press

Published

на

Пријателски натпревар во фудбал во Спортскиот центар Азури во Радовиш, со гости од Валандово. Тренерот Добрин Трајанов вели дека во спортскиот центар имаат одлични услови  за тренирање и освен машки има и девојчиња.

Во спортскиот центар Азури тренираат трипати неделно околу 70 деца на возраст од 4 до 15 години, поделени во три групи, . И децата задоволни што имаат каде да тренираат и велат дека доаѓаат редовно на тренинзи бидејќи имат добри услови.

Спственикот на Спортскиот центар Азури Горан Васев, вели дека е задоволен од интерсот на децата да тренираат фудбал, но и дека ќе го развива спортскиот центар со цел да го збогати со други содржини. Единствено се соочува со мали инфраструктурни проблеми како што е пристоен пат до спортскиот центар, но се надева дека и тоа ќе се реши.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Агресивно однесување од страна на Радовишани кон службените лица од Центар за социјални работи и полицијата

Media Press

Published

на

На 12.01.2022 во 10.20 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода М.К.(67) од Радовиш, кој околу 10.00 часот на ул.„Шаин маале“ во Радовиш попречувал службени лица од Центар за социјални работи Радовиш во преземање на службени дејствија и се однесувал агресивно кон нив.
По целосно расчистување на случајот против лицето ќе се изготви соодветен поднесок.

На 12.01.2022 година во 12.40 во Полициската станица Радовиш И.Д. од Радовиш пријавил дека околу 10.10 часот на ул.„Шаин маале“ Г.К. од Радовиш се однесувал агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

Новогодишниот фестивал Радовиш „Светол Град“ продолжува

Media Press

Published

на

На плоштадот „Свети Спасо Радовишки“ продолжува програмата Радовиш „Светол Град“ во органзизација на ЦК „Ацо Караманов“. Свој настап имаа Распеани Радовишани и неколку Фолклорни ансамбли. ФА Ацо Караманов од Радовиш, ФА Бучим од Радовиш, ФА Подарешани млади од С. Подаеш и ФА Сушевски бисери од с. Сушево.

Новогодишниот фестивал „Светол Град“ во Радовиш е под покровителство на Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Планиран прекин на водоснабдувањето во втората урбана заедница

Media Press

Published

на

Подари замена на линиски вентил, ЈП Плаваја ќе го прекине водоснабдувањето во втората урбана заедница во Радовиш.

Планирано е прекин на водоснабдувањето на 21 Декември од 08:00 до 12:00 часот

Од ЈП Плаваја апелираат до граѓаните да си обезбедат доволни количини вода за пиење и потреби.

Прочитај повеќе