Connect with us

Економија

Субвенции за вградување на плински уред во возилата

Media Press

Published

на

Министерството за економија утре ќе го објави повикот за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата.

Сите граѓани кои што од утре ќе купат и ќе вградат уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата ќе имаат можност да остварат поврат од 50 проценти од трошокот, но не повеќе од 18.000 денари.

„За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму, треба да извршат купување и вградување на уред за погон на течен гас -ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, по денот на објавување на Јавниот повик, во некој од фирмите кои вршат продажба и вградување на таквите уреди“ изјави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција .

Огласот ќе трае точно 60 дена од денот на објавувањето и ќе се одвива по принципот „Прв дојден, прв услужен“. Надоместок на дел од трошоците ќе се врши за само едно возило во семејство. 

Потребна документација за пријавување на Јавниот повик во Архивата на Министерството за економија; пополнето Барање и изјава од подносителот на барањето; фискална сметка со сметкопотврда, или фактура; копија од сообраќајната дозвола за возилото, заверена на нотар, во која е евидентирана промената; фотокопија од лична карта; број на трансакциска сметка

За оваа мерка од Буџетот на Министерството за економија предвидени се 11 милиони денари.

Економија

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, поскапуваат и бензините

Media Press

Published

на

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, а бензините за по два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува по 63,5 денари за литар, Еуросупер БС-95 ќе се продава за 73, а Еуросупер БС-98 за 75 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,101 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,981 денари.

Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 отсто.

Прочитај повеќе

Економија

Од денеска горивата се продаваат по пониска цена за 1,5 и за 1 денар

Media Press

Published

на

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинија за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 1,5 денар за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намали за 1 денар за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 1,138 денар за килограм.

Од денеска максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 71,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 – 73,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  – 60,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 62,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС- 36,880 (денари/килограм).

Прочитај повеќе

Економија

За 3,5 денари ќе поскапат горивата со предложените измени за зголемување на еколошката такса

Media Press

Published

на

Владата вчерашната  82 седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на законот за животна средина.

Како што информираат од владината прес – служба со предложените измени се предвидува зголемување на еколошката такса, односно се предлага зголемување на давачката за увоз на нафтените деривати во земјата за 3,5 денари за моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати.

„Основната цел поради која се предлагаат овие измени и дополнувања се доуредување на делот за финансирање во животната средина, доследна примена на начелото „загадувачот плаќа“ и прибирање на потребните средства за преземање на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина“, појаснуваат од Влада.

Прочитај повеќе