Connect with us

Македонија

Регистриран само 1 нов случај на Ковид-19 во земјата

Media Press

Published

на

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.375 тестирања, а регистриран е 1 нов случај на Ковид-19 од Куманово.

Регистрирани се 204 оздравени пациенти од кои 14 во регионот, Струмица 9 , Радовиш – 4 и Гевгелија 1.

Пријавени се вкупно 3 починати лица: од кои едно лице од  Гевгелија.Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 815.893 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.418, бројката на оздравени пациенти е 149.496, на починати е 5.458, а бројот на активни случаи изнесува 464.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Струмица 4111, Активни 7, Гевгелија 2194, Активни 3, Радовиш 1160, Активни 11, Валандово 666, Активни 1, Богданци и Дојран со 0 активни случаи.

Состојбата во останатите градови е следна:

Скопје 68567, Активни 221

Куманово 8845, Активни 39

Прилеп 8311, Активни 32

Тетово 7220, Активни 19

Битола 6298, Активни 17

Велес 5469, Активни 2

Гостивар 5179, Активни 15

Кавадарци 5153, Активни 2

Охрид 5008, Активни 19

Штип 4959, Активни 3

Струга 2981, Активни 8

Кочани 2789, Активни 7

Кичево 2568, Активни 21

Неготино 2184, Активни 4

Свети Николе 1523, Активни 2

Ресен 1234, Активни 1

Крива Паланка 1220, Активни 1

Берово 1029, Активни 2

Делчево 972, Активни 4

Дебар 940, Активни 1

Виница 886, Активни 10

Пробиштип 789, Активни 0

Крушево 490, Активни 1

Демир Хисар 400, Активни 3

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 375, Активни 5

Македонски Брод 359, Активни 1

Пехчево 268, Активни 0

Македонска Каменица 249, Активни 2

Македонија

Православните христијани во петок и сабота ја одбележуваат 3aдушница

Media Press

Published

на

Православните христијани во петок и сабота ја одбележуваат 3aдушница, која се одбележува во чест на дyшитe на починатите. Тоа е ден посветен на мoлитивитe за покојните роднини и пријатели.  Се пocетуваат гpoбиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено винo се изразува пoмeн за починатите. За тоа како правилно се одбележува задушница и што треба а што нетреба да се прави, укажува отец Илија Попгонов.

На 3aдушница во црквите може да се служи и паpaстос на кој свештеникот со винo ја прелива пченица, а после службата се оди на гpoбовите на блиските, каде се пaли свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гpoбишта, тој пaли свеќа во црква. На 3aдушница се изнесува и храна на гробиштата. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат гробиштата, со спомнување за спac на дyшaтa на покojникот. Но според црквата доволно е само пченица и вино. Никако не е препорачливо палење цигара на гробот во чест на починатиот бидејќи тоа е богохулење.

Прочитај повеќе

Економија

Денеска се затвара јавниот повик за потврди-ваучери за организиран одмор за работници со ниски приходи

Media Press

Published

на

Заклучно со денешниот ден 16 јуни (среда) се затвара јавниот повик за издавање на потврда-ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари, информира Министерството за економија.

Јавниот повик беше објавен на 8 јуни и со краен рок за аплицирање 30 јуни. За една недела од објавување на јавниот повик во архивата на Министерството за економија  пристигнале над 2.600 апликации.

Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во државата кои претходно се пријавени во Министерство за економија.

Според јавниот повик оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари за вкупно 1.250 ваучери.

Прочитај повеќе

Македонија

Од денеска нема полициски час, организирање на свадби на отворен простор со максимум 50% исполнетост на капацитетот

Media Press

Published

на

Владата на вчерашната 79-та седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе одлуките со кои се олабавуват мерките за заштита од Ковид -19 и кои важат од денескаа 16 јуни (среда):

Престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република  Македонија;

Се укинува ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти, а за време на работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси од угостителскиот објект, освен служење пијалаци во внатрешноста на казината и автомат клубовите;

Се дозволува одржување на настани на отворено со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до максимум 1000 посетители;

Дозволено е организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси со максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, наместо максималните 100 гости како што беше до сега;

Донесен е заклучок да престане да важи обврската угостителскиот објект во кој има прослава да ја регистрира и пријави прославата во угостителската комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.

Прочитај повеќе