Connect with us

Радовиш

Пуштен во употреба новиот експресен пат Штип-Радовиш, прва фаза

Avatar

Published

на

„Од денес граѓаните ќе можат да патуваат по експресниот пат Штип – Радовиш, кој е комплетно завршен со должина од 23,56 километри од клучката Штип-југ до Бучим. Оваа прва фаза е завршена на 22 април годинава, пред предвидениот рок, во услови на пандемија. Кога застана целиот свет, тука се работеше интензивно. Така, во рок од три години, согласно предвидената динамика добивме завршен проект по сите европски правила за подигнување на нивото на безбедност во сообраќајот и изградба на експресен пат по најсовремени стандарди“, рече премиерот Зоран Заев во воведното обраќање по повод пуштање во употреба на експресниот пат Штип-Радовиш, прва фаза.


На настанот свои обраќања имаа и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, како и претставникот на Европската банка за С. Македонија, Андри Аранитаси.

„Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш има исклучително влијание врз развојот на економијата во овие три региони Штип, Радовиш и Струмица и придонесува за рамномерниот регионален развој, побрз транспорт на стоки, на услуги како и на луѓе. Модерната патна инфраструктура ќе биде од големо значење за сите граѓани, за студентите, за бизнис секторот, за земјоделците од Струмичкиот, Радовишкиот, Штипскиот и Кочанскиот регион, кои своите производи ги пласираат на пазарите во земјава и во странство. Експресниот пат, Штип-Радовиш се надоврзува на автопатот Миладиновци-Штип и благодарение на тоа граѓаните на југоисточниот дел на нашата земја за многу пократко време ќе патуваат и пристигнуваат до главниот град, Скопје. Времето за патување возејќи прописно и безбедно – двојно се скратува“, подвлече Заев. 


Министерот Бочварски рече дека експресниот пат Штип-Радовиш е од огромно значење и за економскиот развој на регионот ако се има во предвид дека овде работат околу 12 илјади мали и средни претпријатија.
„Сакам да информирам дека интензивно работиме и на изградба на втората фаза од овој експресен пат делниците од клучка Три чешми до Штип-Југ како и делница од Бучим до Радовиш. Очекуваме оваа делница комплетно да биде завршена средината на следната година. Овој експресен пат е дел од државната А4 рута, започнувајќи од граничен премин Блаце, преку обиколницата Скопје и новиот автопат до Штип, и преку овој експресен пат се поврзуваме со соседна Бугарија.  На тој начин добиваме брза патна врска по целиот Југоисточен регион“, рече Бочварски.

Директорот Рустеми рече дека вкупната проектирана,  должина на комплетниот експресен пат А4 е 40,46 километри, а вкупната вредност е околу 60 милиони евра.

Претставникот на Европската банка за Северна Македонија, Андри Аранитаси, истакна дека проектот претставува постојан придонес на Банката во насока на подобрување на транспортната инфраструктура на земјата.

„Со над 1,2 милијарди евра, инвестирани во патишта, железница, општински и енергетски сектор. ЕБОР е голем пријател на земјата и нејзините граѓани, и ќе продолжиме да бидеме пријатели се до влегувањето на земјата во ЕУ и потоа!“, рече Аранитаси.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе

Радовиш

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Avatar

Published

на

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе