Connect with us

Струмица

Пронајдена дрога, приведени двајца дилери од страна на струмичката полиција

Media Press

Published

на

Вчера во 14.40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода В.Љ.(37) и З.Ч.(34), двајцата од Штип. При преглед во возило „сеат леон“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Љ., а сопатник бил З.Ч., била пронајдена марихуана и бела прашкаста материја.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Струмица

Четворица струмичани вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Media Press

Published

на

На 19/20.01.2022 од полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, при контрола при влез во државата на четири комбиња за меѓународен превоз на патници, и тоа две „форд“, едно „мерцедес“ и едно „фиат“, од кои три со струмички и едно со скопски регистарски ознаки, управувани од Т.В.(25), П.В.(50), Ч.Т.(28) и М.П.(33), сите од Струмица, било констатирано дека возилата вршат меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Од страна на полициските службеници биле известени инспектори од Одделението за инспекциски надзор на патниот сообраќај во рамки на Државниот инспекторат за транспорт при Министерство за транспорт и врски и се преземаат мерки за комплетно расчистувањ ена случаите. 

Прочитај повеќе

Струмица

Корисниците од ЈПЕД Струмица-Гас ќе плаќаат огромно високи сметки за греење во Јануари

Media Press

Published

на

Граѓаните на Струмица кои што се греат на гас преку ЈПЕД Струмица-Гас во Јануари ќе имаат драстично повисоки цени за греење. Претпријатието веќе ги извести своите корисници за тоа зголемување. Со природен гас од ЈПЕД Струмица-Гас се загреваат околу 400 корисници на гас. Најголем дел од корисниците, приближно 90% се домакинства, а останатите 10% се јавни институции и стопански субјекти.

Цената на Природниот гас за нормален кубен метар изнесувала 46,5 денари до Декември. Новата цена како што извести претпријатието е зголемена на 80,45 денари за нормален кубен метар.

Од таму известуваат дека Општина Струмица ја субвенционира цената на природниот гас со 10 денари за нормален кубен метар со што би се помогнало на корисниците за намалување на сметките за греење.

Прочитај повеќе

Струмица

Градоначалникот Костадинов на прес конференција информираше за актуелните проекти

Media Press

Published

на

Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов, одржа прес конференција на којашто информираше за дел од проектите кои започнаа во новата 2022 година.

„Со посебно задоволство  го најавувам тригодишниот проект „Strumica – Smart velo city” финансиран од Европската Унија кој содржи иновативно и ефективно решение за проблемите на урбаната мобилност со поттикнување на употребата на велосипедот како здрав, еколошки и економичeн начин на урбана мобилност.  Вкупната вредност на проектот е околу 750.000 евра и ќе се реализира во периодот од 2022 до 2024 година“ рече Костадинов.

Тој информираше и за општинската поддршка на Старт-ап бизниси за млади и поддршката за ангажирање на 16 евидентирани невработени лица за вклучување во проектот „Лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес“, а за кои Јавните повици се во тек.

Костадинов објави дека Струмица е првата општина во државата која ќе аплицира за титулата Европски главен град на младите што ја доделува Европскиот младински форум.

Прочитај повеќе