Connect with us

Македонија

На 5 јуни започнува полагањето на државната матура, за над 15 илјади матуранти во државата

Media Press

Published

на

На 5 јуни започнува полагањето на државната матура за над 15 илјади матуранти. Учениците од завршната четврта година во средното образование ќе го полагаат првиот екстерен испит по предметот мајчин јазик, како еден од четирите – два екстерни и два интерни предмети во рамки на концептот за полагање матура годинава, договорен помеѓу надлежните институции и претставниците на средношколците организации, а кој, како и досега предвидува изработка на проектна задача. По овој повод, министерката за образование и наука Мила Царовска денес беше во посета на Државниот испитен центар кој е одговорен за организација на целиот процес, каде со раководството разговараше околу текот на подготвителните активности, известува МОН.

„Драго ми е што оваа учебна година продолжуваме со организирање на процесот на полагање државната матура, со што им овозможуваме право на средношколците кои имаат интерес да продолжат едукативно да се надградуваат, покрај на домашните, да можат да се запишат и на некој врвен универзитет во странство доколку тоа им е волја. На сите ни е јасно дека секаде во светот, за упис во високо се бара поседување на ваков документ кој значи формализација на средното образование. Лани беше направен исклучок и за жал, дел од нашите ученици имаа проблем со прифаќањето на апликациите на странски факултети, но оваа година нема да биде така“, рече Царовска.

Таа додаде дека од страна на раководството на Државниот испитен центар е информирана дека сите подготвителни активности предвидени со планот за организирање на државната матура се спроведени и врз основа на тоа очекува процесот успешно да се реализира.

„Усвоени се сите неопходни протоколи врз основа на кои матурата треба да се спроведе во услови на пандемија, а со цел да се заштити здравјето на учениците, наставниците и сите други учесници во процесот. Предвидено е во училница да бидат присутни најмногу до 15 ученици, а некаде и помалку во зависност од просторните услови. Во меѓувреме над 2000 тестатори се вакцинирани со двете дози кои значат стекнат имунитет“, информираше Царовска.

Директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска рече дека вкупно 15.294 ученици се пријавиле за полагање државна матура, од кои 7.050 се од гимназиско образование, 7.983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование. Информираше дека испитните програми за предметите што се опфатени со матурата оваа година се скратени, а воедно и дека согласно договореното со средношколците, можните прашања ќе им бидат достапни на три недели пред полагањето на секој испит.

По полагањето на првиот задолжителен екстерен испит по мајчин јазик на 5 јуни, ќе следи и полагање на вториот екстерен испит кој е изборен. Учениците кои можеа да одберат помеѓу математика или странски јазик, ќе полагаат на 11 јуни. Интерните ќе бидат организирани до крајот на јуни по распоред кој го креираат самите училишта. Проектната задача се реализираше од 15 март до 30 април. Резултатите ќе бидат објавени во рок од 30 дена од вториот екстерен испит, велат од министерството.

Од таму дообјаснуваат дека за матурантите кои на испитите на 5 и 11 јуни ќе бидат заболени од Ковид-19, или ќе бидат во изолација, овозможени се дополнителни термини на 25 и 28 јуни, со приложување потврда до училишните комисии. Тие што нема да положат матура во јуни, дел или во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија – термините се 11 август за првиот и 13 август за вториот екстерен испит.

Македонија

Православните христијани во петок и сабота ја одбележуваат 3aдушница

Media Press

Published

на

Православните христијани во петок и сабота ја одбележуваат 3aдушница, која се одбележува во чест на дyшитe на починатите. Тоа е ден посветен на мoлитивитe за покојните роднини и пријатели.  Се пocетуваат гpoбиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено винo се изразува пoмeн за починатите. За тоа како правилно се одбележува задушница и што треба а што нетреба да се прави, укажува отец Илија Попгонов.

На 3aдушница во црквите може да се служи и паpaстос на кој свештеникот со винo ја прелива пченица, а после службата се оди на гpoбовите на блиските, каде се пaли свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гpoбишта, тој пaли свеќа во црква. На 3aдушница се изнесува и храна на гробиштата. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат гробиштата, со спомнување за спac на дyшaтa на покojникот. Но според црквата доволно е само пченица и вино. Никако не е препорачливо палење цигара на гробот во чест на починатиот бидејќи тоа е богохулење.

Прочитај повеќе

Економија

Денеска се затвара јавниот повик за потврди-ваучери за организиран одмор за работници со ниски приходи

Media Press

Published

на

Заклучно со денешниот ден 16 јуни (среда) се затвара јавниот повик за издавање на потврда-ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари, информира Министерството за економија.

Јавниот повик беше објавен на 8 јуни и со краен рок за аплицирање 30 јуни. За една недела од објавување на јавниот повик во архивата на Министерството за економија  пристигнале над 2.600 апликации.

Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во државата кои претходно се пријавени во Министерство за економија.

Според јавниот повик оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари за вкупно 1.250 ваучери.

Прочитај повеќе

Македонија

Од денеска нема полициски час, организирање на свадби на отворен простор со максимум 50% исполнетост на капацитетот

Media Press

Published

на

Владата на вчерашната 79-та седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе одлуките со кои се олабавуват мерките за заштита од Ковид -19 и кои важат од денескаа 16 јуни (среда):

Престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република  Македонија;

Се укинува ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти, а за време на работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси од угостителскиот објект, освен служење пијалаци во внатрешноста на казината и автомат клубовите;

Се дозволува одржување на настани на отворено со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до максимум 1000 посетители;

Дозволено е организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси со максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, наместо максималните 100 гости како што беше до сега;

Донесен е заклучок да престане да важи обврската угостителскиот објект во кој има прослава да ја регистрира и пријави прославата во угостителската комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.

Прочитај повеќе