Connect with us

Конче

Отворена новата спортска сала во Конче и предадена на располагање на учениците и младите спортисти

Media Press

Published

на

Отворена новата спортска сала во Конче, која учениците и младите љубители на спортот долго време ја очекуваа.  Градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев, го најави отворањето на првата спортска сала на територијата на општината, во која ќе имаат можност да спортуваат не само учениците туку и останатите млади лица, спортисти и љубители на спортот.

„ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ, УЧЕНИЦИ И СПОРТИСТИ.

НАВИСТИНА СЕ ЧУСТВУВАМ ГОРД ШТО ПРЕД ВАС ИМАМ ПРИЛИКА ДА ГО НАЈАВАМ ОТВАРАЊЕТО НА ПРВАТА СПОРТСКА САЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА КОНЧЕ.

СПОРТСКАТА САЛА БЕШЕ ЕДНА ОД ПРИОРИТЕТНИТЕ ОБВРСКИ ВО НАШАТА ПРОГРАМА И СМЕ СРЕЌНИ ШТО ВО КРАТОК ПЕРИОД УСПЕАВМЕ ДА ИЗГРАДИМЕ МОДЕРЕН И СОВРЕМЕН ОБЈЕКТ КОЈ ЌЕ БИДЕ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ,СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ И СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА СПОРТОТ, вели градоначалникот Илиев.

Тој додаде дека со овој модерен и современ објект ќе се овозможи подобрување на квалитетот на воспитно образовната работа и развојот на спортот и младите во Општина Конче.

Спортската сала се протега на површина од 650 метри квадратни и е изградена во дворот на училиштето Гоце Делчев во Конче. За почеток младите борачи од Општина Конче, започнаа да ги реализираат своите тренинзи во новата спортска сала.

Конче

Одржана манифестацијата од ,, ОД ЗРНО ДО ПОГАЧА “, во Конче

Media Press

Published

на

Одржана манифестацијата од ,, ОД ЗРНО ДО ПОГАЧА “, во Конче на која беа прикажани мултиетничките традиции и обичаи.

Имено вчера во  Општина Конче, под покровителство на МЗШВ на РМ и во соработка со ЗРРР Блесок од Радовиш и повеке учесници на КУД од Конче и Радовиш , успешно беше спроведен проектот ,, ОД ЗРНО ДО ПОГАЧА “. На вчерашната манифестација покрај традиционачните изворни ора и носии беше изложена прекрасната традиционална храна од нашето поднебје.

Проектот е аплициран преку Мултиетничко општество, со цел да се покаже традицијата, обичаите, културата, здравата храна и соживот на македонското и турското население кое живее во општина Конче.

Прочитај повеќе

Конче

ЛАГ Плачковица реализира локална иницијатива за партерно уредување на централното подрачје во с.Лубница

Media Press

Published

на

ЛАГ Плачковица реализира локална иницијатива за партерно уредување на централното подрачје во с.Лубница, за подобрување на условите за живеење во руралните средини. Оваа инивијатива како што вели Столе Ѓоргиев од ЛАГ Плачковица, произлегла од самите локални чинители и жители од општина Конче.

Во рамките на проектот ќе биде уреден и пристапниот пат до црквата Свети Константин и Елена — главна селска црква во селото Лубница. Црквата  е изградена во 1840 година и се наоѓа во средишниот дел од селото, но речиси е запоставена. Со овој проект се прават напори да се уреди барем влезот.

Работните активности се во понапредна ваза и се очекува за околу 2 месеци целосно да биде звршен овој проект.

Лубница е многу старо село, едно од најстарите села во Лакавичко и Радовишко за што сведочат пишани записи уште од XIV век. Селото е сместено во средишниот дел на Општина Конче, на само 3 километри од општинското средиште Конче.

Иницијатива за партерно уредување на централното подрачје е дел од проектот на УСАИД “Програма за развој на заедниците” кој го спроведува Мрежата за рурален развој на Македонија, преку ЛАГ Плачковица, општина Конче, ЈКП Лакавица и трговското друштво ЕЛДИСИ од с.Лубница.

Прочитај повеќе

Конче

Општина Конче денеска го одбележа празникот на општината 12-ти Јули Петровден

Media Press

Published

на

Општина Конче денеска го одбележа празникот на општината 12-ти Јули Петровден. По тој повод градоначалникот Златко Ристов најпрво изврши прием на поканети гости во општината, меѓу кои и гости од збратимена општина од Турција. Во чест на 26- годишнината од востанувањето на Општина Конче градоначалникот Ристов засади дрвце во дворот на општинската зграда, заедно со својот турски колега.

Потоа неколку делегаци положија свежо цвеќе на спомен обележјето на паднатите борци во Општина Конче.

Потоа беше одржана свечена седница на Советот. На истата добредојде на присутните гости им посака градоначалникот Златко Ристов при што изврши кратка презентација на сработеното досега но спомна и што ќе се реалзира во наредниот период.

На свечената седница беа доделени благодарници на повеќе лица за успешна соработка и промовирање на општина Конче, на деловни соработници, фирми и физички лица, здруженија, спортисти и спортски клубови.

Програмата заврши со настап на културно уметнички друштва во дворот на манастирот Свети Стефан во Конче каде присутните имаа можност да вкусат и од прекрасните традиционални специјалитети на традиционалната трпеза, која за прв пат се организира оваа година во организација на здружението на жени.

На свеченоста во дворот на манастирот имаа можност да уживаат во програмата и речиси најстарите жители од Конче, кои со задоволство се насмевнуваа кон камерата.

Прочитај повеќе