Connect with us

Конче

Детската градинка „12 -ти јули“ во Конче денеска ја одржа својата прва завршна приредба

Media Press

Published

на

Детската градинка „12 -ти јули“ во Конче денеска  ја одржа својата прва завршна приредба во дворот на градинката, со што го означи крајот на оваа воспитна година и ги испрати малите мини матуранти во прво одделение.  На истата присуствуваше и градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев како и родителите на дечињата.

Приредбата ја отвори директорката на градинката Ивана Ристова, кој им посака на малите мини матуранти среќно заминување во прво одделение.

 Ова е прва завршна приредба од започнувањето со работа на градинката  во која се запишани околу 20-тина дечиња. Дечињата заедно со своите воспитувачки со радост се претставија со свој перформанс  пред своите родители.

прикажи повеќе
Advertisement

Конче

Висока делегација од Република Турција денеска беше во посета на Општина Конче

Media Press

Published

на

Висока делегација од Република Турција предводена од  валијата на областа и градот Едрене, Екрем Џаналп,  придружуван од уште двајца градоначалници на Општините Игнејада и Бојуккариштиран и новни соработници, денеска беа во посета на Општина Конче.

Тие најпрво остварија средба со градоначалникот Благој Илиев а потоа го посетија основното училиште Гоце Делчев. Од страна на директорката на уилиштето Цвета Авгелова беа запознаени со наставниот процес во самото училиште кое е мултиетничко и во кое учат вкупно 258 ученици, од кои 48 се од турска националност. Тие донираа училишен прибор за потребите на учениците.

Потоа делегацијата изврши увид на новоизградениот паркинг простор  пред манастирот Свети Стефан, за кој тие донираа финасиски средства,  како и манастирот Свети Стефан каде од страна на свештеникот Гоце Младенов беа запознаени со историјата на манастирот.

Високата делегација од Турција беше и на пладневна молитва во Џамијата во Конче по што главниот настан се одржа на партерно уреденото место наречено „Чешмата“ исто така донација од република Турција.

Градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев им посака срдечно добредојде на гостите од Турција, на валијата и на градоначалникот на збратимена Општина Бојуккариштиран,  Ертугрул Чамлиџа, како и на градоначалникот на Општина Игнеада, Тахир Ишик и на останатите гости. Свое обраќање имаше и градоначалникот на збратимената Општина  Бојуккариштиран.

Пред прустните се обрати валијата Екрем Џаналп кој изрази задовоство од посетата на Општина Конче и од гостопримството.   Притоа беа разменети и пригодни подароци а беше одржана и пригодна програма од фолклорно друштво.

Прочитај повеќе

Конче

Општина Конче набави ново возило за набавка и транспорт на цврст отпад

Media Press

Published

на

Во соработка со Светска Банка и грант од проектот „ Подобрување на општинските услуги-МСИП“ општина Конче набави ново возило за набавка и транспорт на цврст отпад, за потребите на комуналнто претпријатие ЈПКД „Лакавица“.  

„Со капацитет од 2.5м3 новото возило ќе ни овозможи по брз и ефикасен пристап за собирање на смет до околу 800 домаќинства, покрај подобрата услуга за нашите граѓани преку овој проект ќе овозможиме и еколошка заштита на животната средина на нашата општина, исто така сакам да ве известам дека со набавка на камионот и тракторот за организирано собирање на смет за прв пат од своето постоење ЈПКД „ Лакавица“ успеа да добие лиценца за собирање и транспорт на смет како од домаќинствата така и од индустриските капацитети во општината“, вели градоначалникот на Благој Илиев.

Прочитај повеќе

Конче

Одобрени 18 милиони денари за проектот „Фекална канализација за дел од с.Конче во Општина Конче“

Media Press

Published

на

Градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев денеска го потпиша договорот за изведба на проектот „Фекална канализација за дел од с.Конче во Општина Конче“ со вредност од околу 18 милиони денари.

„Проектот опфака канализационен крак во должина 3150 метри со кои ќе бидат опфатени сите домаќинства и ќе се решат долгогодишните проблеми со кои се соочуваме од старата канализациона мрежа“, вели градоначалникот Илиев.

 По разговорот со преставниците на инвеститорите и финансиерите, додава Илиев,  дека во најкраток период се планира да се започне со започнување на градежните активности.

Договорот е потпишан помеѓи градоначалникот Илиев, заедно со Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и Управителите на ТАВ МАКЕДОНИЈА Метин БАТАК и Нејат КУРТ.

Прочитај повеќе