Connect with us

Македонија

Граѓаните над 60 години кои првата доза ја примиле во Србија ќе се ревакцинираат во Македонија

Media Press

Објавено на

Во моментов во земјата има вкупно 230.000 вакцини за ревакцинација, а за прва доза се трошат последните 10.000, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче, но  веќе од наредната недела се очекуваат 20.000 вакцини донација од Грција и 50.000 вакцини што ќе ги донира Бугарија.

Во однос на македонските граѓани што се вакцинираа во Србија, Филипче кажа дека оттаму не можат да се извезат вакцините „Астразенека“ за ревакцинација, па овде ќе се обезбедат одредени количини од таа вакцина за ревакцинирање на лица над 60 години.

„Граѓаните над 60 години кои првата доза ја примиле во Србија а сакаат да се ревакцинираат во Македонија, ќе можат да се пријавуваат на линк за ревакцинација на веб платформата „vakcinacija.mk“, со што ќе влезат во нашата евиденција на вакцинирани, а останатите под 60 години ќе се ревакцинираат во Србија, по што ќе можат да се пријават кај матичен лекар дека примиле две дози вакцини“, вели Филипче.

Досега, според Филипче, од Србија не е добиен список на македонски граѓани што се вакцинирале таму. Инаку, сите сертификати добиени од Србија се валидни исто како и македонскиот сертификат.

Одговарајќи на новинарски прашања, Филипче кажа дека во текот на летото ќе се врши евалуација на сите препораки и ќе се подготвува протокол за подготовка на настава со физичко присуство. Доколку се реши да се вакцинираат децата од 12 до 16 години, тој вели дека има количини од „Фајзер“ и ќе се зачува.

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе