Connect with us

Радовиш

Брзи ковид тестови за Здравствен дом Радовиш донација од Општина Радовиш

Avatar

Published

на

Општина Радовиш обезбеди 150 брзи ковид тестови за потребите на ЈЗУ Здравствен дом, на барање на директорката Д-р. Лимонка Илиевска.

Тестовите ги предаде градоначалникот Герасим Конзулов и воедно оствари средба со раководството на Здравствениот дом на која се разговараше за процесот на имунизација на населението.

Градоначалникот Конзулов ја потенцираше општинската поддршка за Здравствениот дом и изрази подготвеност за идна помош на радовишката здравствената институција.

Брзите ковид тестови се користат за брзо детектирање на состојбата на пациентите и понатамошна интервенција во делот на лекувањето.

Радовиш

Општина Радовиш и годинава додели стипиндии на одлични и талентирани ученици

Avatar

Published

на

На 35 ученици од основното и средното образование во Општина Радовиш денеска им беа врачени договорите за добивање на стипендија од општината, за учебната 2023 / 2024 година.  На избраните стипендисти кои се пред се одлични  и талентирани ученици кои учествувале и освоиле награди на регионални и државни натпревари, ова  им претставува   поголем стимул за  подобри успеси и достигнувања во иднина. 

Договорите во име на општината ги додели градоначалникот Ацо Ристов кој рече дека ова е значајно како за самите ученици така и за општината потенцирајќи колку образованието е важен фактор за едно успешно општество. Честитајќи им на постигнатите успеси и резултати, тој на учениците им порача да го ценат и негуваат образованието и им посака уште поголеми достигнувања во животот. Тој апелира и до компаниите да дадат поддршка и да вложуваат во потенцијални идни кадри кои би можеле во иднина да ги вработат.

Општина Радовиш додели 16 (шеснаесет) стипендии, на ученици од VI до IX одделение од основното образование, во висина од 2.500 денари месечно, за 9 (девет) месеци во текот на учебната година,

11 стипендии се доделени на талентирани ученици од I до IV година од средното образование, во висина од 3.000 денари месечно. И 8 стипендии додели Општина Радовиш – по основ на пониски примања во семејството, на ученици од основно и средно образование, а висината на стипендијата е 2500 денари за основно и 3000 денари за средно образование.

Прочитај повеќе

Радовиш

Пријавила во полиција дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната

Avatar

Published

на

На 28.03.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Радовиш, Ф.К.(20) од Радовиш пријавила дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната од М.А. од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе