Македонија
17.000 граѓани останале без работа поради корона кризата
Објавено на
Од
Media Press
17.000 граѓани останале без работа поради корона кризата. Околу 10.000 граѓани ќе опфати владиниот план за вработување, а предност ќе имаат оние кои ја изгубиле работата поради кризата. Од вчера Агенцијата за вработување ги реобјави конкрусите, кои ќе траат три дена, до петок, а на нив не треба да аплицираат оние кои претходно се пријавиле.
„На граѓаните и на работодавачите им даваме уште една дополнителна шанса да аплицираат за програмата самовработување, мерката субвенционирање на плата, мерката практиканство, мерката обука на работно место за познат работодавач и програмата јавни работи“, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Директорот на АВРМ вели дека за мерката самовработување има пријавено повеќе од 2.500 граѓани. И за оваа мерка може да се аплицира до петок, очекуваат повеќе кандидати, а помош ќе добијат само 1.762. Дел од пријавените ќе добијат грантови за самовработување, дел директно ќе бидат вработени, а други пак ќе треба да се дообучат за нова работа.
Поврзани содржини

Можност за работа за 200 невработени лица преку мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“

ССМ: Приоритет се платите на работниците, а не други закони за укинување на апанажа, избори и слично

Стопанска комора: Работниците што не сакаат да се вакцинираат, трошоците за тестирање исклучиво да бидат на нивна сметка

ССМ бара Собранието итно да расправа за Законот за работните односи и да го прогласи недела како неработен ден

Од почетокот на корона кризата без работа, останале 18 266 лица

Зголемен бројот на невработени за 52.000 лица во 2020 година

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

