Connect with us

Радовиш

Со завршна приредба во објект „Изворче“ завршија приредбите во трите објекти на градинката „Ацо Караманов“ од Радовиш

Media Press

Published

на

Со одржување на завршна приредба во објект „Изворче“, заврши циклусот завршни приредби во трите објекти на детската градинка „Ацо Караманов“  во Радовиш, по повод испраќањето на малите мини матуранти во прво одделение.

 Дечињата од „Изворче“ се претставија по новата програма за социо- емоционален развој кој се имплементира во градинката од пред една година.

Завршната приредба ја отвори директорката Љупка Тренчева која им посака на дечињата среќно заминување во прво одделение.

Со завршен танц за испраќање на дечињата се претставија и вработените во градинката „Изворче“, кој предизвика измешани емоции на радост и тага и кај децата и кај вработените.

На крајот мини матурантите добија и диплома за завршено предучилишно образование.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Пописот се одвива без проблеми. Досега се попишани околу 11.000 граѓани во општините Радовиш и Конче

Media Press

Published

на

  Пописот кој започна на 5 септември се одвива без проблеми и согласно предвидената динамика во општините Радовиш и Конче. Во  двете општини досега се попишани околу 11 илјади граѓани.

Денеска во посета на Радовиш беше и експертот за попис Данило Доленц  кој ја наблудуваше самата пописна операција при посета на  неколку домаќинства.

Претседателот на Пописната комисија за општините Радовиш и Конче Драги Стојанов, изразува балгодарност до граѓаните  што одговорно се однесуват спрема оваа статистичка операција.

Експертот за попис Данило Доленц  изрази задоволство од соработката на граѓаните со попишувачите и притоа рече дека Македонија ќе добие еден квалитетен попис.

„Денеска ми е веќе четврти ден како го обиколувам теренот во Македонија и би сакал да кажам дека пописот кој се спроведува во Македонија, а тое е мојот седми попис и имам многу искуство во изведувањето на попишувањето,  можам слободно да кажам дека овој метод кој што се употребува во Македонија е најнапредниот и најмодерниот попис, кој се прави во овој момент на просторот во цела Европа. Така да ми е големо задоволство што јас учествувам во овој голем проект кога успеавме да собереме многу податоци од овие  извори така што попишувањето оди многу брзо и  и квалитетно. Благодарма уште еднаш на домаќините за топлиот прием и знам дека овој попис ќе биде голем успех за Република Македонија“, рече експертот за попис Данило Доленц.

Државниот инструктор Кирил Ангелов задолжен за реонот 9  кој ги опфаќа општините Радовиш и Конче, рече дека се надминати  почетните техничките проблеми и пописот е во полн ек.  Досега се попишани околу 11.000 граѓани во општините Радовиш и Конче.

Тој вели дека досега во двете општини  Радовиш  и Конче нема случај на одбивње на попишувач и не попишување или инцидент.  

Пописот ќе се спроведува до 30 септември,  а до тогаш трае и електронското самопопишување на иселениците во стрнаство.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОО на Црвен крст од Радовиш го одбележа Светскиот ден за прва помош

Media Press

Published

на

ОО на Црвен крст од Радовиш го одбележа Светскиот ден за прва помош кој годинава се одбележува под мотото “Биди херој во твоето училиште и заедница” со акцент за афирмација на оваа животоспасувачка вештина меѓу младите.

 Вештините за прва помош треба да бидат достапни за сите како хуманитарен акт што ги оспособува луѓето да спасуваат животи и помагаат да се закрепнат од ненадејна болест или повреда, вели  секретарот на  Црвен крст во Радовиш Верица Беќарова.

Волонтерите од Клубот на млади од црвениот крст од Радовиш практично во сималциони вежби кои се одржаа во центарот на градот, покажаа вештини за прва помош за спасување на нечии живот.

 Светскиот ден за прва помош е можност за промовирање и застапување за знаење и вештини за прва помош за пошироката јавност. Црвениот крст  секоја година  обучува повеќе од 20 милиони луѓе ширум светот за прва помош. Поседувањето вештини за прва помош го зголемува капацитетот на поединецот да преземе брза акција за да ги намали или стабилизира сериозните повреди и да ги подобри шансите за преживување на жртвата.

Прочитај повеќе

Радовиш

Сосетка пyкaла кон комшискиот двор со воздушна пyшкa, случајот пријавен во радовишката полиција

Media Press

Published

на

На 11 септември во 20.10 часот во Полициска станица Радовиш, Д.Н.(24) од с.Ораовица пријавил дека околу 18.15 часот додека бил во своето дворно место со воздушна пушка била испукана една дијабола од неговата сосетка Ј.М. во правец на неговата куќа каде во непосредна близина бил и пријавителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе