Connect with us

Македонија

Мисионерската дејност на Св. Кирил и Методиј меѓу Македонците, возобновувањето и применувањето на македонската азбука, забележано во житието на Свети Наум

Media Press

Published

на

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 24 мај 2021 година (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Свети Кирил и Методиј (старословенски: Кѷриллъ и Меѳодїи) — македонски браќа од Солун во IX век станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик. По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените. Двајцата браќа се почитувани во Источната православна црква како светци со титулата Еднакви со Апостолите.

Мисионерската дејност на светите браќа меѓу Македонците, посебно возобновувањето и применувањето на македонската азбука е забележано во житието на Свети Наум. Ова му претходело на преведувањето на светите книги на јазикот на Македонците од солунско и на мисионерското дело меѓу западните Словени во Моравија.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Православните христијани во петок и сабота ја одбележуваат 3aдушница

Media Press

Published

на

Православните христијани во петок и сабота ја одбележуваат 3aдушница, која се одбележува во чест на дyшитe на починатите. Тоа е ден посветен на мoлитивитe за покојните роднини и пријатели.  Се пocетуваат гpoбиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено винo се изразува пoмeн за починатите. За тоа како правилно се одбележува задушница и што треба а што нетреба да се прави, укажува отец Илија Попгонов.

На 3aдушница во црквите може да се служи и паpaстос на кој свештеникот со винo ја прелива пченица, а после службата се оди на гpoбовите на блиските, каде се пaли свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гpoбишта, тој пaли свеќа во црква. На 3aдушница се изнесува и храна на гробиштата. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат гробиштата, со спомнување за спac на дyшaтa на покojникот. Но според црквата доволно е само пченица и вино. Никако не е препорачливо палење цигара на гробот во чест на починатиот бидејќи тоа е богохулење.

Прочитај повеќе

Економија

Денеска се затвара јавниот повик за потврди-ваучери за организиран одмор за работници со ниски приходи

Media Press

Published

на

Заклучно со денешниот ден 16 јуни (среда) се затвара јавниот повик за издавање на потврда-ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари, информира Министерството за економија.

Јавниот повик беше објавен на 8 јуни и со краен рок за аплицирање 30 јуни. За една недела од објавување на јавниот повик во архивата на Министерството за економија  пристигнале над 2.600 апликации.

Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во државата кои претходно се пријавени во Министерство за економија.

Според јавниот повик оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари за вкупно 1.250 ваучери.

Прочитај повеќе

Македонија

Од денеска нема полициски час, организирање на свадби на отворен простор со максимум 50% исполнетост на капацитетот

Media Press

Published

на

Владата на вчерашната 79-та седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе одлуките со кои се олабавуват мерките за заштита од Ковид -19 и кои важат од денескаа 16 јуни (среда):

Престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република  Македонија;

Се укинува ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти, а за време на работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси од угостителскиот објект, освен служење пијалаци во внатрешноста на казината и автомат клубовите;

Се дозволува одржување на настани на отворено со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до максимум 1000 посетители;

Дозволено е организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси со максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, наместо максималните 100 гости како што беше до сега;

Донесен е заклучок да престане да важи обврската угостителскиот објект во кој има прослава да ја регистрира и пријави прославата во угостителската комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.

Прочитај повеќе