Connect with us

Радовиш

На крајот од оваа учебна година која се реализира во вонредни услови, во тек е уписот на првачиња во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш

Media Press

Published

на

Во тек е уписот на првачиња во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш за новата учебна 2021/2022 година. Уписот се спроведува електронски и ќе трае до крајот на месец мај. „Уписот се врши електронски и досега задоволува бројката од запишаните првачиња“, вели директорката Лујза Спасова во интервју за РТВ Кобра, Радовиш.

На крајот од оваа учебна година која се реализира во вонредни услови поради пандемијата од Ковид 19 според директорката Спасова, успешно се справиле со сите предизвици. Била набавена ИТ опрема за потребите на наставниот кадар и за учениците кои не можеле сами да си обезбедат соодветна опрема и интернет.

Иако наставата се одвива онлајн сепак учениците и наставниците вложиле голем труд, што се докажува со подтигнатите резултати при учество на натпревари.

Училиштето ги подобрува условите за работа, за подготвени да стартуваат кога ситуацијата ќе се нормализира. Се опремуваат кабинетите по хемија и по природни науки, а ке се изгради и лифт за пторебите на учениците со попреченост.

Радовиш

Агресивно однесување од страна на Радовишани кон службените лица од Центар за социјални работи и полицијата

Media Press

Published

на

На 12.01.2022 во 10.20 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода М.К.(67) од Радовиш, кој околу 10.00 часот на ул.„Шаин маале“ во Радовиш попречувал службени лица од Центар за социјални работи Радовиш во преземање на службени дејствија и се однесувал агресивно кон нив.
По целосно расчистување на случајот против лицето ќе се изготви соодветен поднесок.

На 12.01.2022 година во 12.40 во Полициската станица Радовиш И.Д. од Радовиш пријавил дека околу 10.10 часот на ул.„Шаин маале“ Г.К. од Радовиш се однесувал агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

Новогодишниот фестивал Радовиш „Светол Град“ продолжува

Media Press

Published

на

На плоштадот „Свети Спасо Радовишки“ продолжува програмата Радовиш „Светол Град“ во органзизација на ЦК „Ацо Караманов“. Свој настап имаа Распеани Радовишани и неколку Фолклорни ансамбли. ФА Ацо Караманов од Радовиш, ФА Бучим од Радовиш, ФА Подарешани млади од С. Подаеш и ФА Сушевски бисери од с. Сушево.

Новогодишниот фестивал „Светол Град“ во Радовиш е под покровителство на Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Планиран прекин на водоснабдувањето во втората урбана заедница

Media Press

Published

на

Подари замена на линиски вентил, ЈП Плаваја ќе го прекине водоснабдувањето во втората урбана заедница во Радовиш.

Планирано е прекин на водоснабдувањето на 21 Декември од 08:00 до 12:00 часот

Од ЈП Плаваја апелираат до граѓаните да си обезбедат доволни количини вода за пиење и потреби.

Прочитај повеќе