Connect with us

Радовиш

Дечињата во детската градинка „Ацо Караманов“ во Радовиш се подготвуваат за завршна приредба

Media Press

Published

на

Детската градинка „Ацо Караманов“ во Радовиш се подготвува за завршна приредба во услови на пандемиија, по повод патрониот празник на градинката. Почитувајќи ги сите мерки и препораки, без присуство на родители и роднини, завршната приредба ќе се одржи во дворот на градинките или во занималните.

Како што најави директорката Љупка Тренчева овие денови дечињата и вработните активно се подготвуваат за завршната приредба, која ќе се одржи согласно распоредот започнувајќи од 19 мај и ќе трае до 28 мај, на ниво на обкјекти каде секоја група ќе има посебно претставување, под мотото „Срќата сме ние и вие“.


Околу 150 дечиња идни првачиња годинава го завршуваат својот престој во градинка и ќе го продолжат образовниот процес во основно образование.


Од јуни започнува уписот за во градинка на нови дечиња кој ќе се врши дигитално, па од тие причини директорката Тренчева апелира родителите навреме да ги пријават дечињата.

Радовиш

Во Здравствен дом, Радовиш започна вакцинирањето на граѓани над 67 години со кинеската вакцина Синовак

Media Press

Published

на

Здравствениот дом во Радовиш од вчера започна со вакцинација на граѓани над 67 години со кинеската вакцина Синовак. Како што дознаваме од директорката на  Здравствениот дом д-р Лимонка Илиевска пристигнале вкупно 400 вакцини, со кои во наредниот период  ќе ги вакцинираат граѓаните согласно добиениот термин и соогласно возраста.

„Критериумите се строги и мора да се придржуваме согласно планот за вакцинација“, вели директорката Илиевска, на прашањето дали може да се вакцинираат и граѓани кои се пријавени на веб страната, а кои сеуште немаат добиено термин за вакцинација.  

Инаку претходно во Радовиш се вакцинираа граѓаните над 70 години со кинеската вакцина Синофарм и со вакцината Астра Зенека.

на Вакциналниот пункт во Струмица, вакцинацијата со прва доза со Синовак вакцината ќе започне од понеделник.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 265.164 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.036 граѓани, а во текот на вчерашниот ден вкупно се вакцинирале 4.299 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 462.415 дози вакцини, а ревакцинирани се 197.251 граѓани.  

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Прочитај повеќе

Македонија

Православните христијани во петок и сабота ја одбележуваат 3aдушница

Media Press

Published

на

Православните христијани во петок и сабота ја одбележуваат 3aдушница, која се одбележува во чест на дyшитe на починатите. Тоа е ден посветен на мoлитивитe за покојните роднини и пријатели.  Се пocетуваат гpoбиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено винo се изразува пoмeн за починатите. За тоа како правилно се одбележува задушница и што треба а што нетреба да се прави, укажува отец Илија Попгонов.

На 3aдушница во црквите може да се служи и паpaстос на кој свештеникот со винo ја прелива пченица, а после службата се оди на гpoбовите на блиските, каде се пaли свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гpoбишта, тој пaли свеќа во црква. На 3aдушница се изнесува и храна на гробиштата. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат гробиштата, со спомнување за спac на дyшaтa на покojникот. Но според црквата доволно е само пченица и вино. Никако не е препорачливо палење цигара на гробот во чест на починатиот бидејќи тоа е богохулење.

Прочитај повеќе

Радовиш

Здружението на дијабетичари од Радовиш и Конче започнува со реализација на проект за соодветно складирање на медицинскиот отпад

Media Press

Published

на

Здружението на дијабетичари од Радовиш и Конче започнува со реализација на проект за заштита на животната средина.

Сите игли и пенкала од истрошен инсулин повеќе нема да се фрлаат во отпадоци, туку ќе се складираат на соодветно место наменето за медицински отпад во Здравствениот Дом во Радовиш. Претседателот на здружението Тони Митев вели дека Општина Радовиш е прва општина во која се започнува ваков проект и дека има интерес и во други општини.

Дијабетичарите кои ќе го соберат својот медицинскиот отпад и ќе го донесат во Здравствениот дом, ќе добијат игли и торбичка за пенкала за инсулин, кои се набавени од донатори.

Директорката д-р Лимонка Илиевска изрази подготвеност Здравствениот Дом од Радовиш да биде дел од проектот со тоа што овој отпад ќе биде складиран во соодветна просторија, по што ќе биде дистрибуиран заедно со останатиот медицински отпад.  

Проектот ќе трае 8 месеци, но целта е да се створи навика кај дијабетичарите за соодветно депонирање на  овој отпад и истиот да продолжи и потоа.

Прочитај повеќе