Река Сушица во Радовиш добива нов изглед. Активно се работи на уредување и регулација на речното корито
Активно се
работи на изградбата на речното корито на река Сушица во Радовиш. Со овој проект е планирано регулација на околу
630 метри од речното корито на реката. Градоначалникот на Општина Радовиш
Герасим Конзулов смета дека овие зафати ќе значат многу не само за
општината, туку и за целиот струмички регион во кој се сливаат надојдените води. Конзулов изврши увид
во работните активности. Проектот започна да се реализира пред една година и се очекува да заврши за
неколку месеци.
Станува збор за проект за прекугранична соработка со Република
Бугарија, и еден од главните зафати е уредување на дел од коритото на река
Сушица која само во последните десетина години се има излеано три пати.
Еден дел од
активностите е насочен кон подигањето на свеста за климатските промени и
последиците од нив.
Проектот е
финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка
помеѓу Бугарија и Македонија и е вреден околу 588 илјади евра. Со свој дел од околу 192 000
евра учествува и општина Радовиш.
Во овој период како што истакна градоначалникот Конзулов во завршна фаза се уште неколку проекти во населените места, изградбата на повеќенаменско игралиште во подареш и изградба на неколку улици во Јаргулица, за некои се очекува отпочнување со реализација.