Connect with us

Македонија

Во текот на вчерашниот ден вакцинирани околу 15 илјади граѓани во државата, од сабота масовна вакцинација и во Струмица

Media Press

Published

на

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 135.574 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.976 граѓани, а вкупно се вакцинирале 14.976 граѓани, информира Министерството за здравство.

Во државата вкупно се аплицирани 160.425 дози вакцини, а ревакцинирани се 24.851 граѓани. Со последните бројки 35% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина.

Според министерот Филипче  вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата а интересот за вакцинација секојдневно се зголемува. Бројот на лица кои се пријавиле за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 318.793.

Во последните 24 часа се направени 2.357 тестирања, а регистриран е 171 нов случај на Ковид 19, од нив во Југоистокот 14 од кои во Радовиш 9 и во Струмица 5.

Во Радовиш во тек е вакцинацијата на лица над 70 години а во Струмица се подготвуваат вакцинални пунктови кои се очекува од сабота да започнат со масовна вакцинација на наслението од Југоистокот .

Македонија

ССМ бара Собранието итно да расправа за Законот за работните односи и да го прогласи недела како неработен ден

Media Press

Published

на

Имено Сојузот на синдикатите на Македонија како иницијатор на измените на Законот за работните односи во насока на уредување на недела како неработен ден, а со цел унапредување на работничките права и усогласување на националното законодавство со меѓународните трудови стандарди, бара од претседателот на Комисијата за труд и социјална политика во Собранието во најкус можен рок да закаже седница на Комисијата за труд и социјална политика на која ќе се разгледаат предлог измените на законот во второ читање кои се испратени до Собранието во јули оваа година.

На тој начин велат од ССМ, ќе се исполнат сите законски претпоставки, измените на законот да бидат ставени на дневен ред на седница на Собранието, навреме , за да може работниците да го користат правото недела да биде неработен ден со почеток од први октомври оваа година како што беше договореното од сите социјални партнери во државата.

Работниците коишто ќе работат во недела ќе добијат поголема дневница и слободен ден, што ќе може да го користат во наредните седум дена. Станува збор за работните места каде што не е можен прекин на техничко-технолошкиот процес. На работниците ќе им следува додаток на плата за работа во недела и тие ќе добијат опција да имаат слободен ден во текот на неделата. Додатокот за работа во недела и за празници треба да изнесува најмалку 100 отсто од дневницата за секој час поминат на работа.

Прочитај повеќе

Македонија

МОН: Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна

Media Press

Published

на

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Според последниот пресек на Министерството за образование и наука добиен од училиштата, околу 0,02% или 50 ученици од вкупно 240 илјади ученици на ниво на држава се новозаразени случаи на Ковид 19, истиот процент е и кај наставниците. Од почетокот на учебната година до сега активни случаи од учениците биле 0,2%. Дел од нив се веќе негативни и вратени на училиште, а дел се уште се во изолација. Во текот на вчерашниот ден дијагностицирани се нови 50 ученици позитивни на ковид, односно 0,02 проценти, информира Министерството за образование и наука.

Што се однесува на деталните податоци, нив ги поседуваат надлежните здравствени служби кои ги издаваат решенијата за изолација.

Тоа што е особено важно да се потенцира е дека во училиштата до сега нема трансмисија на заразата. При појава на ученик или наставник со симптоми на заразата, училиштата постапуваат согласно протоколите и алгоритмите, велат од Министерството.

МОН апелира на доследно почитување на здравствените протоколи и одговорно однесување од страна на сите засегнати чинители во воспитно – образовниот процес, бидејќи само на тој начин ќе ја одржиме наставата со физичко присуство во училница, која е во најдобар интерес на учениците и нема подобра алтернатива.

Прочитај повеќе

Македонија

Попишани над 400 000 граѓани во првите осум дена

Media Press

Published

на

Вкупно 419.485 лица, 129.614 домаќинства и 173.439 станови се попишани во првите осум дена од пописот, објави денеска Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 192.538 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Пречките што настанаа изминативе денови, и поради што дојде до застој на попишувањето, се отстранети, информираа од ДЗС. Тие укажуваат дека попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен, се овластени лица на Државниот завод за статистика и се обучени за оваа активност.

Прочитај повеќе