Радовиш

Започна реконструкцијата на велосипедската и пешачка патека на булеварот во Радовиш и на улицата „Свети Спасо Радовишки“

Започнаа градежните активности за обнова на велосипедската и пешачка патека на булеварот  „Александар Македонски“ во Радовиш, проект кој го реализира Општина Радовиш со средства од сопствениот буџет.

  Градоначалникот Герасим Конзулов заедно со раководителот на Одделението за урбанизам Кирчо Сусинов, денеска извршија увид во градежните активности.

Исто така Општина Радовиш започна и со обнова на коловозната лента на ул. „Св.Спасо Радовишки“ од ресторан Амбасадор до зградатата на Јака Табак (Монополот).

За реконструкција на оваа улица и на уште неколку улици во градот, општината издвои околу 2 милиони и 400 илјади денари. Изгребаниот асфалт се користи за тампонирање на локалниот пат кон градската депонија.

Во овој период како што изјави Конзулов се работи и на други проекти меѓу кои и оградување на просторот околу училиштата во селата Калаузлија и Аликоч, со што зградите добиваат функционален простор и безбеден двор за учениците.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago