Connect with us

Радовиш

Во Радовиш досега се вакцинирани околу 500 лица над 70 години

Media Press

Published

на

Во Здравствениот Дом во Радовиш досега се вакцинирани околу 500 лица над 70 години со вакцините Астра зенека и кинески Синофарм. Најпрвин во Радовиш пристигнаа 300 вакцини од Астра Зенека, потоа 200 од Кинеската Синофарм  и сите се потрошија.

  Во моментот како што дознаваме од директорката на Здравствениот Дом д-р Лимонка Илиевска на располагање има нови 200 вакцини од Синофарм, а заинтересираноста на за вакцинирање е голема, како од страна на  граѓаните над 70 години така и од помладите генерации.

Засега се вакцинираат само лица над 70 години но се очекува Министерството за здравство да ја намали старосната граница и за лица под 70 години.

Според министерот за здравство Венко Филипче овој месец се очекува да пристигнат над 500 илјади вакцини.

„Сите кои се пријавиле без разлика на возраста ќе бидат повикани преку мејл или СМС порака. Сега, со пристигнувањето на оваа значајно голема количина вакцини, а очекуваме уште стотина илјади на 15 мај, повторно од производителот „Синофарм“ и количината од 500 илјади вакцини од производителот „Синовак“ до крајот на мај, значи една значајно голема количина, која ќе се дистрибуира по овие два канала што ги спомнав, решивме да се стави приоритет на тие што се пријавиле и затоа се направи пресек на 30 април“, изјави министерот Филипче за Радио Слободна Европа.

Тој посочи дека се става приоритет на тие кои покажале интерес за вакцинација и затоа апелира граѓаните да се пријават на сајтот и да ги има во системот „Мој термин“ за да може понатаму да се креираат тие приоритети.

Министерството за здравство информира дека заклучно со завчера вакцинирани биле вкупно 107.978 граѓани, а на веб-платформата „vakcinacija.mk“ се пријавиле 279.909 лица.

Радовиш

Денеска е Богојавленски водосвет, осветена е водата во сите црковни храмови

Media Press

Published

на

Денеска пред одбележувањето на големиот православен празник Богојавление или Водици беше осветена водата во сите православни храмови односно денеска е  Богојавленски водосвет. 

Денеска се осветуваат водите во црковните храмови а утре се осветуваат сите води во реките, базените и езерата.

Во црковните храмови Свети Пророк Илија и Света Троица во Радовиш  верниците кои што присуствува на утринската  божествена литургија  и на молитвата за осветување на водата, потоа си понесоа од осветената вода во своите домови за здравје, телесно и духовно спасение.

Богојавление или водици се празнува секоја година во чест на крштевањето на Исус Христот во реката Јордан уште пред околу 2000 година. Утре ќе бидат осветени водите во сите реки и базени и ќе биде фрлен светиот крст во нив . Во Радовиш светиот крст ќе биде фрлен во базенот Шампион во 11 часот.

Прочитај повеќе

Радовиш

Традиционалното фрлање на Светиот крст во Радовиш ќе се изврши во базенот „Шампион“

Media Press

Published

на

Традиционалното фрлање на Светиот крст во Радовиш за големиот христијанскиот празник Богојавление – Водици и годинава ќе биде извршено во базенот „Шампион“.  Како што информираат од Православната црква од Радовиш за Богојавленските празници на 18 јануари во двете градски цркви со почеток во 07 часот  ќе се одржат Царски часови, Литургија и Голем Водосвет.

На 19 јануари во среда во двете градски цркви ќе се одржи Утрена Литургија со почеток во 07:30 часот. Во 10:15 часот од црквата Свети Пророк Илија со Литија,  која ќе се придружи на верниците од црквата Света Троица, ќе се оди до базенот „Шампион“. Во 10:45 часот ќе се освети водата во Базенот по што  ќе биде фрлен Светиот крст во осветените води по кој ќе се фрлаат веќе подготвените и пријавени лица за да го фатат крстот.

Сите оние кои ќе влезат во базенот по Светиот крст треба да имаат потврда од матичен лекар дека се физички здрави и најдоцна до 18 јануари  до 19 часот да се пријават во црковниот храм Света Троица во Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Денеска се празнуваат два празника Обрезание Христово и Свети Василиј Велики или Василица

Media Press

Published

на

Денеска православната црква празнува два празника Обрезание Христово и Свети Василиј Велики или Василица. Според еврејските закони секое машко дете на осмиот ден од неговото раѓање се носело во храмот каде било обрежувано и му било давано име. Обрезание Христово се однесува на обрежувањето на Господ Исус Христос

Овој празник се совпаѓа со празникот на Свети Василиј Велики на кој народот му дава поголемо значење  и е попознат како Василица и е домашна слава на многу семејства. По тој повод во црковниот храм Св.Троица во Радовиш, денеска беше одржана света Василичарска божествена литургија.

Свети Василиј Велики е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија.  Како светец бил прогласен по неговата смрт. 

Уште мал се стекнал со образование, примил свештенички чин и го учел народот на божјата наука. На големата популарност му завидувал тогашниот владика во Кесарија поради што Василиј заминал во пустина каде што останал до смртта на владиката.

Потоа се вратил и бил поставен за владика, направил многу добри дела по кои црквата сеуште го споменува. Останал како пример за позитивни човекови особини поради што црквата го нарекла Велики.

Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година. Дел од останките на Свети Василиј се наоѓаат и во црквата Свети Кирил и Методиј во Струмица, пред кој верниците веќе 25 години се поклонуваат.

Традиционално спроти 14 јануари, вечерта по старата македонска традиција се меси и прави зелник, се дели лепче со паричка, кому ќе се падне паричката ќе биде кум наредната година и ќе го организира дочекот на Стара Нова година или василичарски огнови за Василица. Богата трпеза на која задолжително има домашни колбаси и друга храна подготвена од домаќинките, како и вино и грејана ракија при што се пеат староградски  и народни песни до рано изутрина.

Оваа традиција во Радовиш и околните населени места се негува со децении. Според православната црква Василичарските огнови и маски,  се сметат како наследство од предхристијанството и се пагански обичаи.

Прочитај повеќе