Connect with us

Македонија

Министерот Филипче денеска се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм“

Media Press

Published

на

Денеска се вакцинираше министерот за здравство Венко Филипче, за заштита од ковид -19 со вакцина од кинеската компанија „Синофарм“.

„Вакцините се сигурни, безбедни, развиени на безбедни платформи. Несаканите ефекти се мали. Контраиндикации има за одредени посебни категории граѓани кои нема да примат вакцини, а препораките за нив ги влечеме од научни испитувања. Јас примив „Синофарм“, рече министерот Филипче по вакцинацијата во салата „Борис Трајковски“.

„Само во текот на вчерашниот ден се аплицирани 12.606 вакцини од кои 10.135 прва доза а останатите ревакцина. Досега се вакцинирани 84.312 граѓани, а согласно последните бројки 28% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина“, рече Филипче. Тој апелираше сите да се пријават за вакцина на вакцинација.мк за што побрзо да добијат термин.

„Согласно тајмингот на пријавување сите ќе добијат известување преку СМС или мејл да се јават за вакцина“ објасни министерот Филипче.

Вчера истата вакцина ја прими и премиерот Зоран Заев, а деновиве ќе се вакцинираат сите останати министри од Владата.

Македонија

ССМ бара Собранието итно да расправа за Законот за работните односи и да го прогласи недела како неработен ден

Media Press

Published

на

Имено Сојузот на синдикатите на Македонија како иницијатор на измените на Законот за работните односи во насока на уредување на недела како неработен ден, а со цел унапредување на работничките права и усогласување на националното законодавство со меѓународните трудови стандарди, бара од претседателот на Комисијата за труд и социјална политика во Собранието во најкус можен рок да закаже седница на Комисијата за труд и социјална политика на која ќе се разгледаат предлог измените на законот во второ читање кои се испратени до Собранието во јули оваа година.

На тој начин велат од ССМ, ќе се исполнат сите законски претпоставки, измените на законот да бидат ставени на дневен ред на седница на Собранието, навреме , за да може работниците да го користат правото недела да биде неработен ден со почеток од први октомври оваа година како што беше договореното од сите социјални партнери во државата.

Работниците коишто ќе работат во недела ќе добијат поголема дневница и слободен ден, што ќе може да го користат во наредните седум дена. Станува збор за работните места каде што не е можен прекин на техничко-технолошкиот процес. На работниците ќе им следува додаток на плата за работа во недела и тие ќе добијат опција да имаат слободен ден во текот на неделата. Додатокот за работа во недела и за празници треба да изнесува најмалку 100 отсто од дневницата за секој час поминат на работа.

Прочитај повеќе

Македонија

МОН: Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна

Media Press

Published

на

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Според последниот пресек на Министерството за образование и наука добиен од училиштата, околу 0,02% или 50 ученици од вкупно 240 илјади ученици на ниво на држава се новозаразени случаи на Ковид 19, истиот процент е и кај наставниците. Од почетокот на учебната година до сега активни случаи од учениците биле 0,2%. Дел од нив се веќе негативни и вратени на училиште, а дел се уште се во изолација. Во текот на вчерашниот ден дијагностицирани се нови 50 ученици позитивни на ковид, односно 0,02 проценти, информира Министерството за образование и наука.

Што се однесува на деталните податоци, нив ги поседуваат надлежните здравствени служби кои ги издаваат решенијата за изолација.

Тоа што е особено важно да се потенцира е дека во училиштата до сега нема трансмисија на заразата. При појава на ученик или наставник со симптоми на заразата, училиштата постапуваат согласно протоколите и алгоритмите, велат од Министерството.

МОН апелира на доследно почитување на здравствените протоколи и одговорно однесување од страна на сите засегнати чинители во воспитно – образовниот процес, бидејќи само на тој начин ќе ја одржиме наставата со физичко присуство во училница, која е во најдобар интерес на учениците и нема подобра алтернатива.

Прочитај повеќе

Македонија

Попишани над 400 000 граѓани во првите осум дена

Media Press

Published

на

Вкупно 419.485 лица, 129.614 домаќинства и 173.439 станови се попишани во првите осум дена од пописот, објави денеска Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 192.538 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Пречките што настанаа изминативе денови, и поради што дојде до застој на попишувањето, се отстранети, информираа од ДЗС. Тие укажуваат дека попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен, се овластени лица на Државниот завод за статистика и се обучени за оваа активност.

Прочитај повеќе