Радовиш
Се помалку јагниња на пазарот во Радовиш во пресрет на големиот верски празник Ѓурѓовден, но дали треба да се коли курбан
Објавено на
Од
Media PressОд 3500 до 4000 денари се движеше цената на едно јагне на пазарот во Радовиш, во пресрет на големиот верски празник Ѓурѓовден.
Утре се празнува големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец маѓу народот познат како Ѓурѓовден, кој спаѓа меѓу неподвижните празници и секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар.
Граѓаните имаат обичај за Ѓурѓовден да купат и да заколат јагне за здравје или како што велат тие „курбан“. Во пресрет на големиот прзник денеска на градскиот пазар во Радовиш се продаваа јагниња, по 200 денари за килограм жива мера како што велат сточарите. Цената е висока но стоката ја нема велат тие, поради ниската цена претходните три години. Сточарите се пожалија дека сточарството полека изумира како дејност, младите не сакаат да чуват овци а потребно е обезбедување на пасишта, проблем со кој се соочуваат секојдневно.
Според црквата колењето на јагниња или курбан е обичај кој не е во во духот на христовата вера и не треба да се практикува . Потребно е само молитва а не и жртва.
Ѓурѓовден е најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и другото население, што од друга страна зборува за фактот дека во неговата основа лежи некој голем претхрстијански празник во чест на пролетта, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто, По тој повод во повеќе села се слави Ѓурѓовден како селска слава и се примаат гости од други населени места, а во црковните храмови се држи божествена литургија.
Со Ѓурѓовден се поврзани и голем број обичаи во радовишкиот крај, како закачување на зелено гранче на портата на секој дом рано наутро. Посебно значаен обичај што се изведува на Ѓурѓовден е нишањето или лулањето. Според нашиот народ со Ѓурѓовден започнува летната половина на годината која трае до Митровден.
Поврзани содржини
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

