Connect with us

Македонија

Владата ќе одлучува дали од среда полицискиот час ќе почнува од 23 часот, а угостителските објекти да работат до 22:30 часот

Media Press

Published

на

Главниот координативен кризен штаб поради намалениот број на заразени и намалениот притисок во болниците   предложи од среда полицискиот час да почнува од 23 часот и да трае до 05 часот наредниот ден, а летните тераси на угостителските објекти да работат до 22:30 часот.

За овие предлог-мерки денеска ќе се одлучува на седница на Влада и би биле со важност од 5 мај 2021 година.

„ Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот за измена на времетрањето на забраната за движење и на денешната седница ги разгледуваше предлозите кои ги дадовме. Врз основа на нив предложи на наредната седница на Владата да се усвои одлука за постојните мерки:

– забраната и посебниот режим на движење да почнува од 23:00 часот до 05:00 часот наредниот ден;

– време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) да биде до 22:30 часот“, напиша министерот Венко Филипче на својот ФБ профил.

За време на продолжениот викенд вкупниот бројот на новозразени беа 746, а оздравени 1.700 пациенти. Вчера односно на 3 мај беа регистрирани 62 новозаболени и 398 оздравени пациенти, додека на 2 мај имаше 105 новозаболени и 403 оздравени пациенти, на 1 мај 214 новозаболени и 305 оздравени, а на 30 април 365 новозаболени и 594 оздравени.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.747, бројката на оздравени пациенти е 133.871, на починати е 4.961, а бројот на активни случаи изнесува 13.915

Инаку масовната имунизација на населението започна во повеќе регионални центри низ државата – Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола од  200.000 кинески вакцини, кои пристигнаа минатата недела. Предвидено е да се вакцинираат меѓу 10 до 15 илјади граѓани на ден, со што здравствените власти очекуваат до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население и целосно менување на епидемиолошката состојба. Министерот за здравство Венко Филипче, по пристигнувањето на 200 илјади вакцини „Синофарм“ во петокот најави дека се очекува да пристигнат и други големи количества на вакцини и тоа уште 600.000 од Кина и 26.000 од „Фајзер“.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Резултатите од вчерашното тестирање на ученици беа негативни

Media Press

Published

на

Резултатите од вчерашното скрининг тестирање на 68 ученици од Скопје беа негативни, соопштува Министерството за здравство.

Предвидено е, како што информираа од Министерството за здравство и Министерството за образобание и наука, освен во овие две училишта, скрининг на учениците да се спроведе во уште седум средни училишта во Скопје.

Исто така, вчера беа тестирани и 258 други средношколци. Во Југоистокот тестирањето продолжува во општините Дојран и Конче.

Од Центарот за јавно здравје чии медицински лица ги земаат примероците од брис, велат дека станува збор за брзи скрининг тестови кои се слични како и тие што се земаат брисеви и за коронавирусот, но и за други бактериолошки заболување во носот и грлото. Резултатите се добиваат во рок од три до четири минути.

Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на Ковид-19 меѓу учениците. Со податоците ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, информираат од Министерството за здравство.

Прочитај повеќе

Избори 2021

До ДИК досега се поднесени 13 приговори за постапката за гласање

Media Press

Published

на

До Државната изборна комисија (ДИК) досега се поднесени вкупно 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на резултатите за локалните избори што се одржаа во неделата.

Според роковникот за изборни дејства, ДИК е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Против одлуката на ДИК, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.

Четири приговори поднела Коалицијата предводена од СДСМ. Двата се однесуваат на две избирачки места во општина Јегуновце. Останатите приговири се за избирачко место во општина Ѓорче Петров и за избирачко место во општина Македонска Каменица.

Од Алијанса за Албанците и Алтернатива има шест приговари, за избирачки места во општините Дебар, Шуто Оризари и Гостивар. Еден приговор се однесува на сумирање на резултатите за градоначалник на општина Гостивар и еден кој се однесува на сумирање на резултатите за членови на Совет на општина Гостивар.

Од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ поднесени се три приговори, за избирачки места во општина Центар, во општина Долнени и во општина Сарај.

Два приговора се поднесени од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат на прекршување на изборниот молк.

Државната изборна комисија дополнително ќе закаже седница за разгледување и одлучување по приговорите.

Прочитај повеќе

Македонија

Укинато е ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти и се дозволува поголема исполнетост на капацитетите

Media Press

Published

на

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 113-та седница, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти.

Со овие измени и дополнувања ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите се укинува. Ограничувањето престанува да важи за отворените и затворените делови.

Дополнително е усвоена и измена на ограничувањето на исполнетоста на капацитетите на овие угостителски објекти, односно ограничувањето на бројот на гости во затворениот дел од објектот, како и во отворениот дел е до најмногу 50% искористеност на капацитетот на објектите.

За угостителските објекти за организирање прослави, веселби и свадби, остануваат во сила постојните мерки и протоколи.

Прочитај повеќе